Skip to content

Крик – Менче Кадинец

  • by

Колку планина натежнал

кини, раскинува, партал прави

соголува

И небото го сокрива

Камен станав, на каменот седам

во небото гледам

Зборовите како  нишки летаат

сите лошотилоци ми сметаат.

Крик на лавица

Крик на волчица

Крик на тигрица

А боли,боли до небеса

На песокта седам, во шумата гледам

Да бев дрво проникнато

Дали и тогаш крикот страшен

Во неспокој ќе ме носеше.

Крик

Колку планина натежнал

Камен станав,на каменот седам.

Јас со крик на тигрица!

Менче Кадинец

Напишете коментар