Занимливости и информации Психолошко катче Социјална психологија

Кои се позитивните аспекти од користење социјални мрежи?

Луѓето се социјални суштества. Квалитетот на социјалниот живот е аспект кој значајно се одразува на нашето ментално здравје. Како и на чувството на општото задоволство и исполнетост. Кога потребите за социјализација не се задоволени на адекватен начин им се отвора вратата на стресот, осаменоста, чувството на безвредност, анксиозност итн.

Повеќето луѓе во денешно време (од помлада, но и постара генерација) се корисници на социјални мрежи. Тие пак, се “меч со две острици“. Комуникацијата во виртуелниот простор нуди одредени предности, но не смее да се сфати како замена за непосреден контакт – очи во очи. Сè повеќе истражувања покажуваат дека колку луѓето се поприсутни на мрежите толку се поосамени. Колку повеќе време ѝ се посветува на ваквиот начин на комуникација без оглед на големиот број онлајн пријатели и следбеници, поголема е веројатноста дека ќе се чувствувате незадоволно, анксиозно или депресивно.

Ако се пронајдовте значи дека е редно време да ги менувате своите навики. Во понатамошниот текст прочитајте од кои аспекти може да се извлече најдоброто од социјалните мрежи. Дознајте и што би требало да минимизирате, во што да бидете внимателни.

Позитивните страни од користењето на социјалните мрежи
Одржување контакт со пријатели и членовите од семејството кои живеат во друг град, држава или континент

Социјалните мрежи ни овозможуваат да комуницираме брзо и лесно со блиски кои ни се физички далеку, без скапи телефонски повици. Со ова се спречува дистанцирањето од нив и се одржува блискоста. Видео повиците се дополнителна погодност во таа смисла, комуникацијата ја прават слична на комуникација во живо. Социјалните мрежи даваат прилика да се побараат познаниците со кои одамна сме изгубиле контакт.

Поврзување и запознавање со луѓе со слични интереси

Со оглед на тоа дека социјалните мрежи овозможуваат создавање личен профил до најситни детали, се зголемува шансата да се поврземе со луѓе од цел свет на основа на заедничките интереси. Во ова дополнително помагаат групите и страниците кон кои можеме да се поврземе или да ги создадеме. Вака оформените познанства можат да излезат од виртуелниот простор и да станат вистински, непосредни.

Презентирање креативност и творештво

Социјалните мрежи на многу луѓе им овозможија своето творештво да го претстават на поширока популација. Нивната поезија, проза, уметнички фотографии, стрипови, интересни видео клипови, изработки на накит, облека, производство на домашна храна и слично сега полесно го наоѓаат патот до крајниот корисник.

Виртуелни групи за поддршка

“Вмрежувањето“ им овозможило на многу луѓе со различни видови проблеми меѓусебно да се поврзат, да си дадат помош и поддршка. Посебно се значајни заедниците за поддршка на лицата со ментални нарушувања. (Постојат и македонски фејсбук групи каде што се дава ваков вид поддршка помеѓу нивните членови).

Ова е предност особено за оние кои немаат поддршка во своето најблиско опкружување и кое низ овој начин на комуникација, читајќи ги туѓите искуства можат да се потпрат, и да се обратат до стручно лице.

Достапност на информации

Вестите се шират никогаш побрзо и поедноставно од претходно. Јавноста има можност да се информира од различни извори. Со појава и експанзија на социјалните мрежи поедноставно е да се побара помош за различни работи. Ако се изгубиле или пронашле нечиј паричник или домашен миленик, ако е потребно да дојдете до дарител на одредена крвна група и слично, постојат заедници на кои можете да огласите со чија помош ќе дојдете до поголема група луѓе.

Достапност на едукативни материјали

Постојат бројни заедници за размена на различни видови литература кои можат да ви помогнат значително да го смалите времето за потрага по некоја книга, учебник итн.

Прочитајте и дознајте што е тоа постдипломска депресија и како истата да се спречи!

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје