Skip to content

Драги Михајловски – еден од најдобрите современи македонски писатели и преведувачи

Драги Михајловски (Битола, 16 октомври 1951) – македонски поет, раскажувач, романописец, есеист, преведувач и професор. Михајловски е роден на 16 октомври 1951 во Битола, каде го поминал и своето детство. Основно и средно образование завршува во Битола, а дипломирал англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Магистрирал на Филолошкиот факултет („Книжевниот лик на Скендербеј кај Прличев и во делата на англиски јазик“), а докторирал исто така во Скопје („Очудување и можни преводни модели врз примери од англиската поезија“). Од 1976 година работи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во моментов е редовен професор пред пензија на Катедрата за англиски јазик и книжевност по предметот Теорија и практика на преведувањето и толкувањето.

Драги Михајловски е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1992 година, на ПЕН на Македонија од 1992 година, како и на Асоцијацијата на писателите за мир во Вашингтон, САД, од 1998 година.

Бил уредник на книжевните списанија Lettre Internationale, Стожер, Стремеж, член на Сенатот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а две години (2007-2008) бил и претседател на Комисијата за издавачка дејност во Министерството за култура на РМ.

Книжевно творештво

Речно улиште (раскази, 1981),

Ѓон (раскази, 1990),

Нераспнати богови (есеи, 1991),

Скок со стап (раскази, 1994),

Волшебното котле и други бајки (книга за деца, 1995)

Триполската капија (раскази, 1999),

Под Вавилон – задачата на преведувачот (докторат, 2000),

Сиромавиот и чучурлигата (книга за деца, 2000),

Пророкот од Дискантрија (роман, 2001),

Смртта на дијакот (роман, 2002),

Раскази од шести кат (раскази, 2003),

Мојот Скендербеј (роман, 2006).

Пат за рајот, збирка раскази и драми, 2017, Три – Скопје,

Бдеењето на Одисеј, роман, 2018, Просветно дело – Скопје,

Преводи:

37 драми од Шекспир

154 сонети од Шекспир

Загубениот рај од Џон Милтон

Поезија од Перси Шели

Поезија од Џон Китс

Поезија од Вилијам Блејк

Поезија од Џон Дан

Поезија од Т.С. Елиот

Награди

Рациново признание за книгата раскази „Скок со стап“

Награда „Стале Попов“ за романот „Смртта на дијакот“ (2002)

Награда „Григор Прличев“ за препевот на епот „Загубениот рај“ од Милтон

Награда „Зимски саем на книгата“ за препевот на сите сонети од Шекспир (2006)

Награда „Григор Прличев“ за препевот на „Сите драми и сонети“ од Шекспир (2013)

Награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста (2018)

Напишете коментар