Литература Македонски автори На денешен ден

Влада Урошевиќ – Хаос

На дешенен ден во 1934 година во Скопје е роден Влада Урошевиќ — македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач.

Влада Урошевиќ е еден од најзначајните претставници на македонскиот модернизам, фокусиран врз истражување на чудесното, фантастичното и надреалното. Покрај со пишување, Урошевиќ се занимавал и со преведување. Така, познати се неговите препеви на песни од руските поети: Пушкин, Лермонтов, Сологуб, Каменски, Хлебников, Мајаковски, Пастернак итн..

Ви ја претставуваме неговата позната песна „Хаос“ во чест на неговиот роденден.

Хаос

Сé повеќе има жени со зелени очи.
Сé повеќе возови што не доаѓаат на време.
Сé повеќе луѓе што влегуваат со почит.
во една голема сала каде што џелатот дреме.

Сé повеќе има тополи што се сушат.
Сé повеќе има градови од кои се заминува.
Сé повеќе заминати за кои не се слуша.
Сé повеќе провеви од кои се настинува.

Сé повеќе има луѓе што се плашат од сината боја.
Сé повеќе питачи што те влечат за ракав.
Сé повеќе непознати кои на скалите стојат.
Сé повеќе оние што не прашуваат зошто е тоа така.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје