Skip to content

Поучна приказна за пријателството со еден ранет гулаб

Пред некој месец или повеќе, на бетонската ограда од балконот пред мојот прозор почна да доаѓа гулаб. Го нареков Ранет гулаб бидејќи немаше една нога. Му фрлав малку кекс и тој подготвено го голташе. Ми изгледаше дека се спријателивме. Доаѓаше три недели по ред и почнав да се фалам дека гулабот ми е пријател. Се шегував дека доаѓа секоја недела. Кога дојде по втор пат направив неколку фотографии од него за да им ги покажам на пријателите. Бев горд што гулабот ми е пријател. Не е мала работа да се има таков пријател. Се фалел со новото пријателство како тоа што се случуваше да е моја заслуга.

Потоа повеќе не доаѓаше. Го чекав и гледав во небото со надеж дека ќе ме види и дека ќе дојде. Но Раниот гулаб повеќе не доаѓаше. Сфатив: тој му припаѓа на небото, и пријателството е дар. Одеднаш увидов колку празно било моето сфаќање и колку бев глупав. Од каде ми е правото на поседување небо и пријателства?

Фотографиите ги направив и ги покажував на пријателите, но повеќе не им говорев дека гулабот доаѓа туку дека доаѓаше. Се обидував да им ја објаснам лекцијата што ја научив. Но секој учи на свој начин и често лекциите од друг важат само за другиот. Бев благодарен за она што го научив од ранетиот гулаб и за пријателството и небото.

Што научив од гулабот?

После некое време утрово повторно дојде. Слета на своето вообичаено место и гледаше кон мојот прозорец. Овој пат го викнав внимателно со вообичаениот повик. Изгледаше дека се плаши. Не ми беше јасно, а тогаш молскавично на него се спушти друг гулаб, а ранетиот галеб побегна. Болно увидов дека птиците се како луѓето зависни на пријателството. Дека им се смеат на послабите, дека ги туркаат и им се исмеваат.

Утрото уште нешто научив од мојот пријател – ранетиот гулаб. Тоа е дека вистинското пријателство нема граници и дека за него не постои оддалеченост ниту време. Само потребно е чекање до следна средба и да се има трпение за истото.
Прочитајте ја и приказната за најдобриот стрелец на елени!

Напишете коментар