4 начини на однесување кои прават раздор во партнерските односи

Со истражувања се дефинирани контрапродуктивните однесувања кои негативно влијаат на партнерските односи. Истите тие претставуваат јасни предиктори за развод или прекин на романтична врска. Во секое партнерство некои од овие однесувања се јавува повремено. Меѓутоа, ако се јавуваат константно создаваат трајни последици, ги обликуваат начините на реагирање на партнерите, ја уништуваат поврзаноста и приврзаноста. Конфликтот сам по себе не го предвидува успехот или неуспехот во односите туку начинот на кој конфликтот се разрешува.

Прочитајте ги во продолжение четирите видови “однесувања“ кои прават раздор во партнерските односи доколку не се разрешат.

1. Критицизам

Критикувањето на партнерот се разликува од упатување критики кон однесувањето. Упатувањето критики обично се перципира како напад на личноста, на базичните вредности на индивиудата со тоа што не се раздвојуваат позитивните карактеристики на партнерот. Разликата помеѓу поплаките на одредено однесување и критика е евидентна и се огледа во следниот пример.

Жалба: „Јас се чувствував навистина загрижено откако не одговори на повикот. Мислев дека се договоривме да се чуеме кога доцниме“.

Критика: „Ти никогаш не мислиш како твоето однесување влијае на другите. Никогаш не ти е важно како се чувствувам, само на себе мислиш!“.

Во првиот пример реченицата почнува со “Јас“, потоа следи краток опис на чувствата и повик на заеднички договор. Во вториот пример реченицата почнува со “Ти“, и со тоа имплицитно се упатува критика и другата страна се подготвува за одбрана. Всушност и самиот процес на активно слушање е попречен. Первазивноста на критицизмот може да доведе до повлекување на партнерот, до страв и анксиозност на искажување сопствени мисли и чувства.

Партнерот може да има чувство на отфрленост, повреденост, затворање во себе. Противлек за критицизмот е понежен почеток, користење “Јас“ реченици, избегнување обвинувања кон партнерот. Кога разговорот се почнува со истакнување на чувствата се отвора пат кон искажување сопствени потреби и барање тие да се задоволат. Нема вина, обвинувања ниту влегување во расправии.

2. Презир

Кога постори презир, комуникацијата се одвива на малициозен начин. Однесувањето кон партнерот е без почит, саркастично, исмејувачки. Често е вклучена и невербална комуникација како што е превртување со очи, издишување и слично. Покажување презир кај партнерот предизвикува чувство на безвредност. Во однос на критицизмот, презирот претставува атак на личноста од позиција на супериорност, и целосно обезвреднување на партнерот.

Презирот се храни со негативни мисли за партнерот. Претставува најголем предиктор за развод. Противлек на презирот е градење култура, почит и вреднување на партнерот. Презирот се манифестира од позиција на морална супериорност, деструктивен е поразувачки за односот. Кога се вели градење култура, почит и ценење на партнерот, се мисли на секојдневна комуникација и целокупниот однос меѓу партнерите. На секојдневно ниво, благодарноста, почитта, комплиментите, и приврзаноста формираат позитивна перспекива во партнерството.

3. Дефанзивност

Дефанзивноста обично се појавува како одговор на критицизмот. Нападот или критиката предизвикуваат потреба за одбрана. При што нападнатата индивиуда ја напушта позицијата на сопствена одговорност и влегува во одбрана или зазема позиција на жртва пасивна, но морално супериорна позиција која доведува до дисбаланс со парнтерот и создава дистанца).

Влегувањето во дефанзивност не е успешна стратегија, доведува до ситуација кога партнерот увидува дека на другиот не му значат ништо неговите барања, нема преземање одговорност. Противлек за дефанзивност е преземање сопствена одговорност. Дефанзивноста е дефинирана како форма на самозаштита низ правдољубива огорченост или позиционирање во улога на жртва, со цел да се одбие забележаниот напад.

Многу луѓе стануваат дефанзивни кога се критикувани, но проблемот е што одбранбеноста не го решава проблемот. Тоа е всушност начин на обвинување на партнерот, проблемот не сум јас, туку си ти. На овој начин се избегнува реалниот пат кон решението кој вели: “Проблемот е проблем, не е индивидуата проблем“, и се ускратува заедничкиот напор за тимско решение.

Прифаќањето одговорност бар за дел од конфликтот допринесува тимски пристап на проблемот. Ризикот од ескалација се смалува, компромисот станува попристапен.

4. Повлекување – градење ѕид

Повлекувањето во себе, подигањето ѕид во комуникацијата се одвива преку бесшумно излегување од односот, кога е ден од партнерите го игнорира другиот. Преку молчење, неодговарање на прашања, се занимава со други активности (гледа во телефон, телевизор, го напушта заедничкиот простор).

Повлекувањето доаѓа после низа интензивни, претходно наведени препреки кои го разурнуваат партнерството. Конфронтацијата станува премногу исцрпувачка и следи откажување од односот. Повлекувањео во себе се претвора во вид одбранбен механизам кој се користи како заштита од расправии. Кога еднаш ќе е усвои излегувањето од таа зона е многу тешко и оневозможува вклучување во дискусија на рационален начин.

Ако индивидуата осети дека влегува во фаза на подигање ѕид, користно е да го праша партнерот да направат пауза, да се одложи дискусијата. Прошетка од половина час или било какво време за себе може да помогне да се надмине чувството на преплавеност.

Противлек за подигање ѕид е психолошко самосмирување. Истражувањата покажуваат дека паровите кои успеале да ја прекинат расправијата после петнаесет минути, кои се занимавале со некоја индивиудална активност наредните триесет минути биле посмирени на физичко ниво, а исто така биле и поспремни за разговор. Интеракцијата им била попродуктивна и попозитивна.

Сњекој од партнерите во текот на половина час успевал да се смири себеси, и кога ќе проценел ека е доволно смирен, можеле да го продолжат разговорот на рационален начин со меѓусебна почит. Индивидуите кои не се во состојба да направат пауза за да ја прекинат дискусијата, често влегуваат во реакција “бори се или бегај“, повлекување во себе или експлозија кон партнерот. Паузата мора да трае минимум дваесет минути, колку што му е потребно на телото да се смири.

Многу е важно во период на паузата да не се хранат мислите со “Не морам ова повеќе да го трпам, зошто секогаш ме напаѓа“ и слично. Активноста има две задачи: дистракција и смирување (читање, вежбање, прошетка).

Прочитајте ја и статијата со наслов: “Како може да се препознае зависност од социјалните мрежи?“.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!