Те видов таму, затрчана.
Малку блесава си во тркот.
Ти реков, не сум обичен,
ама тебе и таков и ти требаше,
па кога ме сретна, се затресе,
како гулабицата на Тесла.
Знаеш, ми иди да те запрам во тркот.
Чекај да ти свикам. Каде со тој потсмев.
Да те откорнам со прегратка,
силно да те кренам.
Така да те полеам.
Да викаш :”Не, јас никогаш сонце не видов.”
Да викаш:”Да, продолжи. Само ти заслужи да ме сакаш.”
Не е ова песна, ниту стих.
Да беше поезија, ќе играв со зборови.
Повеќе е од тоа.
Повеќе,
отколку што ти можеше некогаш да помислиш.
А ти се случи, во трк.
И застана.
Стаписана, од неверување.
Во себеси.
Виктор Кадинец