Занимливости и информации Македонски автори На денешен ден Писатели и поети

146 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков

Д-р Крсте Петков Мисирков роден во Постол, Егејска Македонија на 18 ноември 1874 – Софија, а починал во  Царство Бугарија на 26 јули 1926. Тој е македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Автор е на првата книга и првото списание на современ македонски јазик. Oсновоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија. Раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.

Токму денес се одбележуваат 146 години од неговото раѓање. Се наоѓаме во период кога нашата земја има проблеми од политичка и национална основа поврзана (покрај другото) со нашиот македонски јазик.

По тој повод, го споделуваме извадокот кој го претставува ставот на Мисирков токму за нашиот јазик.

…Јазикот јет средство, со које није познаваме, шчо мислит, шчо осе-ќат и шчо сакат нашијот собеседник. Да сочуат некој својот народен ја-зик и да го бранит као светијња, значит, да останит он верен на дуот на својите предедовци и да уважаат сè, шчо имаат они напраено за својето потомство. Да се откажит чоек от својо народен јазик, значит, да се от-кажит он и од народнијот дух. Милоста кон народнијо јазик јет наш долг и наше прао. Ние сме должни да милуаме нашијот јазик, зашчо тој јет наш, исто така, као шчо ни јет наша таткоината ни.

Није имаме и прао, осем долгот, да браниме нашијот јазик и тоа прао ни јет свешче-но. Секој, кој шчо напаѓат на нашијот јазик, ни јет исто таков наш не-пријатељ, као и нападачот на нашата вера. Верата и јазикот, тоа сет ду-шата на једен народ. Значит, да се откажит једен народ од својот јазик, се велит, да се откажит он и от сам себе и својите интереси; се велит, да престанит да гледат на себе со своји очи, да судит за себе и за друзите со својот ум и разум, а да чекат укажајње за сè от страна. Једен народ, кој шчо изгубил својот јазик, мјасат на једен чоек, кој шчо изгубил па-тот и не знајт от кај идит и кај одит, и кој шчо не знајт зашчо одит вамо а не онамо или тамо… („Неколку зборој за македонцкијот литературен јазик“ – К. П. Мисирков)

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје