Занимливости и информации Поучни приказни

Поучна приказна за еден рибар и советот на старецот

На еден брег покрај една голема река живеел еден рибар со своето семејство. Некогаш имал убава заработка, но со текот на времето работите се промениле. Сега реката носела сѐ помалку риби, чамецот бил дотраен, а да купи нов не бил во можност. Рибарот морал скоро секој ден да го почнува со поправање на чамецот.

Еден ден еден старец поминувал низ населеното место и го замолил рибарот за преноќиште. Го угостил убаво, го нахранил иако храната била едвај доволна за сите, а потоа му го отстапил и најудоното место во куќата. Следното утро кога планирал да си оди старецот прашал како може да му се заблагодари за преноќиштето и храната на господарот.

Гледајќи дека старецот не е воопшто богат, рибарот само се насмеал и рекол: – Гледам дека си мудар и многу работи си видел. Дај ми совет – како да излезам од сиромаштија и тоа ќе биде сосема доволно.

– Добро, се согласил старецот. За да излезеш од сиромаштија поплави го чамецот! Го рекол ова и си заминал, повеќе не го видел.

Рибарот не го разбрал советот, само слегнал со рамената. „Можеби старецот го изгубил разумот? Како да го поплавам чамецот и сега едвај обезбедувам храна, а без чамецот ќе умреме од глад“, си мислел.

Рибарот не го прифатил советот, живеел како и претходно, осиромашувајќи сѐ повеќе, а неговото семејсто често одело на спиење без вечера. И еднаш во налет на олуја неговиот стар чамец се скршил, а рибарот едвај преживеал. Седел и тагувал, размислувал што да прави, ги зел своите скромни работи од неговата куќа и тргнал со семејството да ги бара деловите во реката.

Реката ги одвела до големо рибарско село. Таму имало многу чамци, големи бродови и мали чамци. Срцето на старецот неволно се радувало кога ги погледнало! Но неговиот чамец не го нашол, а да купи друг не можел.

Кога се случил “пресвртот“

Рибарот седнал на брегот, ги гледал туѓите чамци и се врткал. Долго седел во друштво на своита тажни мисли и забележал да забележува: „На овој чамец му е потребна поправка. И овој не би било лошо да се обнови, а овој наскоро ќе се распадне ако итно не се поправи…“

Така рибарот почнал да ги поправа чамците, знаел тоа совршено да го прави. Бидејќи некогаш морал да го поправа својот ја научил материјата детално иако сам тоа не го забележувал станал одличен мајстор! Неговата работа набрзо била ценета и наскоро низ цело село се прославил: „Човекот прави чувда, ги поправа чамците кои се подобри отколку нови!“

Луѓето доаѓале кај него од далечни краишта. Не поминало многу време, а веќе можел да купи нова куќа, но не рушевина туку квалитетна, со преубава градина. Парите почнале да доаѓаат постојано, повеќе немало глад во семејството. Тогаш рибарот се сетил на тој старец и неговиот совет да го поплави чамецот. Рибарот сфатил колку биле мудри тие зборови.

Често се случува човекот да се држи до старото до последен миг. Стравот од промена е поголем од вообичаениот товар и тага. А промените од каде и да почнат секогаш донесуваат добро. Посебно кога човекот е подготвен да ги види и прифати.

Прочитајте ја и приказната за седмутте светски чуда и одговорот на едно девојче!

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје