Конкурс за најдобра необјавена песна за деца и возрасни распишан од ЛК „Кирил Пејчиновиќ“

Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ при Националната установа Центар за култура од Тетово „Иљо Антески-Смок“ Тетово, по повод „Месецот на книгата 2020 година“ распишува Конкурс за најдобра необјавна песна за деца и возрасни.

Конкурсот се распишува во следните категории:

– I/ Најдобра песна за деца на македонски јазик

– II/ Најдобра песна за возрасни на македонски јазик

На конкурсот ќе се доделат следните награди:

– За најдобра песна за деца: 1 прва; 2 втора; и 3 трета награда

– За најдобра песна за возрасни: 1 прва; 2 втора; и 3 награда

Темата е слободна.

Песните треба да бидат напишани на македонски јазик.

Со песните напишани на друг јазик различен од македонскиот, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се достави и ПРЕПЕВ на песната на македонски јазик.
Конкурсот е отворен до 15 декември 2020 година (вторник) до 24,00 часот до кога треба да пристигнат песните на е-маилот на Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ Тетово.

Песните да се испраќаат напишани на компјутер, под шифра (секоја песна во посебен фолдер) на е-маил: literaturenk[email protected] и за секоја песна (во посебен фолдер) да се испрати решението на шифрата, со назнака: „За конкурсот на литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ Тетово“.

Останатите информации се приложени на фотографијата.

 

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!