Грчка митологија Литература Митови и легенди

Митот за маслиновото дрво – симбол на мир, мудрост и просперитет

Грчката митологија ни раскажува како настанало маслиновото дрво кое било сметано за симбол за мир и просперитет. Како што кажува легендата, всушност, дрвото се појавило после еден натпревар помеѓу два грчки бога: Атина и Посејдон.

Раѓање на Атина

Кога Зевс, богот на Олимп, се оженил со Метис, му било проречено од Геја и Уран дека еден ден со неговата сопруга ќе има две деца од кои второто ќе се обиде да го украде неговиот престол.

За да избегне да се случи пророштвото, Зевс, видел дека Метис веќе е бремена со нивното прво дете, ја изел својата сопруга.

По неколку денови, Зевс имал страшни главоболки кои беа толку силни што не можеше да издржи. Поради ова тој го поканил Хефес да го удре со чекан по глава. Хефес го прифатил ова и го удрил Зевс по главата. Од раната на главата на Зевс излегло големо суштество – облечено во сјаен оклоп – и со копје во десната рака. Тоа била  Атина, божицата на војната.

Атина – божица на разумот и уметноста

Младата божица веднаш докажала дека не е во можност да создава војни,  дека напротив е многу мудра и паметна: затоа станала и божица на разумот, уметноста, литературата, филозофијата, трговијата и индустријата. Таа била персонификација на мудроста и знаењето зад сите познати науки во тоа време.

Како што рековме, Атина е ќерка на Зевс (најсилен од боговите) и на Метис (најмудрата) и од двајцата ги наследила нивните најдобри карактеристики, па затоа, според важноста и моќта, станала второ по степен на важност божество на Олимп; симбол на совршен и избалансиран спој на сила и интелигенција.

Борба за доминација над Атика  со Посејдон

Еден ден, Атина го замолила својот татко Зевс да и додели регион на Грција на кој му  е потребна заштита. Ова го разгневило Посејдон затоа што чекал да добие регион доделен од Зевс. Оттука се појавила взаемна борба со цел да се добие доминација над Атика, регион во Грција.

Зевс – се нашол во многу деликатна ситуација – не можел да одлучи, затоа прогласил натпревар помеѓу Посејдон и Атина, велејќи дека кој ќе понуди  најкорисен подарок за регионот, тој ќе добие надмоќ. Покрај тоа, ги оставил другите Богови да одлучат кој од двата дарови е подобриот.

Кога започнала борбата Посејдон со својот трозаб ја допрел карпата под него и од него излеголо суштество, никогаш претходно видено. Тоа бил првиот коњ, симбол на храброст и на воена сила, кој оттогаш стана важна помош за луѓето.

Победа на Атина

Од друга страна, Атина, која стоела покрај него, удрила во земјата со нејзината скапоцено копје и се појавило првото маслиново дрво, симбол на просперитетот и мирот. Сите богови одлучиле дека Атина заслужува да победи и, соодветно на ова, од тој ден главниот град на Атика бил именуван во Атина во чест на божицата која го заштитува.

Заштитник на градот Атина

Од тој ден, Атина станала божица на градот Атина. Подоцна, еден од синовите на Посејдон се обидел да го искорени дрвото , но тој се повредил при извршувањето на тој чин и починал. Така, Атињаните решиле да ја изградат Акрополата на тој дел од градот и да го чуваат светото растение, маслиновото дрво ноќе и ден со помош на војници.

Партенон изграден во нејзина чест и маслиновото дрво

Се вели дека првото маслиново дрво сè уште стои пред Партенон – кој бил изграден од Перикле во чест на божицата Атина помеѓу 477 и 432 г. В. – во Атина и дека во античка Грција, секој кој бил фатен како уништува маслиново дрво, бил осуден на смртна казна.

Од тој момент, оваа волшебно растение се користи за многу различни работи: да лекува болести, симболизираголеми достигнувања (им били врачувано за време на Олимписките игри на спортистите како дар на боговите), да ја навлажнува нивнита кожа, за подготовка на вкусни и здрави јадења, да го одржува нивното тело здраво, да ги загрева за време на зимата и, се разбира, како симбол на мудрост и знаење.

Прочитајте го и митот за богот на виното Дионис и мистериите.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје