Прекрасен сенитиментален роман кој ја раскажува најискрената и најчистата детска љубов која се раѓа помеѓу едно мало девојче и едно момче во руралните краишта на Франција во 19 век. Малечката Фадета, живее со својата баба Фаде која сите ја сметале за вештерка бидејќи правела чудни лекови. Сите ја избегнуваат, но малечкиот Ландри се вљубува во неа и останува верен на нивната љубов и покрај предрасудите на општетвото и спротиставувањето на неговата фамилија.
Жорж Санд остро ги критикува сите предрасуди кои постојат општетсвото и застанува зад љубовта која останува да биде најголем двигател и ги победува сите препреки кои застануваат на патот на вљубените.
Малечкиот Ландри има брат близнак Силвeне со кого се неразделни. Толку се сакаат што кога Ландри оди да работи кај соседот, Силвене е скршен, постојано е болен. Уште повеќе, Ландри се вљубува во Фадета, станува љубоморен и скришно ја посакува. Не му дозволува на брата си да се гледа со неа и постојано е вознемирен кога ќе слушне дека ќе нивната љубов ќе се круниса со брак. Ландри не ни помислува дека брат му тајно ја посакува Фадета.
Што ќе се случи на крај од оваа романтична приказна, откријте сами читајќи ја оваа прекрасна книга. За во овие ладни денови да ве огрее љубовта и да се потсетите на старите добри морални вредности кои треба да ги зачуваме.
Погледнете го и овој наш предлог за читање „Подрумите на Ватикан“ од Андре Жид!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.