Мотивација Психолошко катче Совети

Како потрпеливо да чекате?

Најверојатно повеќепати во животот сте се нашле во ситуација каде што треба да чекате и посакувате да направите нешто за целиот тој процес да се забрза. На сите ни се познати чекањата во долги редови или чекање гратски превоз. Кај нас се јавува потребата брзо да го завршиме она што сме го наумиле, но околностите некогаш не се согласуваат со нас.

Кога чекаме, кај нас се јавува фрустрација, разочарување, а најчесто и бес. Некогаш се случува заради сите овие емоции да се откажеме од чекањето и да си заминеме. Покрај тоа и да не ја завршиме работата заради која сме излегле. Нашите негативни емоции во такви ситуации предизвикуваат мисли кои ни се мотаат низ глава. На пример: „Зошто пак толкав ред?“, „Не можам да верувам дека пак ќе треба да чекам.“.

Фрустрациите може да се зголемат заради надворешни фактори. На пример долгото чекање може да предизвика болка во нозете или грбот. Просториите во кои чекаме може да немаат вентилација, а најчесто мора да појдеме уште негде, па губиме повеќе време. Кога сите овие факти ќе се земат во предвид се јавуваат мисли од типот: „Јас не можам ова да го издржам!“, „Ова станува неподносливо!“, „Не смееше ова сега да ми се случи, ќе задоцнам на работа!“. Може да појдеме толку далеку и да извршиме глобална негативна проценка на животот со мисли „Сè пропадна!“, „Ништо не функционира како што треба!“ и сл.

Како да се справиме со негативните мисли што се појавуваат при чекањето?

За многу проблематични ситуации во животот треба да излеземе од својата улога и да ги погледнеме работите од друг агол. Во оваа конкретна ситуација секогаш може да се поистоветиме со другите луѓе, кои исто така чекаат во редот. Точно, некои се пред нас, но тие стигнале порано и затоа се таму. Голем број чекаат зад нас. Значи, не сме сами во големата гужва, туку и со други.

Негативните мисли и негативните емоции мора да научиме да ги контролираме. Ако знаеме дека некаде ќе чекаме нешто, секогаш може да си земеме нешто со себе кое ќе ни помогне ментално да ја издржиме дадената ситуација. На пример може да носиме весник, списание, стрип, книга или уред за слушање музика. Ако сето ова сме го заборавиле, може да размислуваме за некои важни теми за кои немаме време да размислуваме заради дневните обврски. Исто така може да си потпевнувате некоја песна во себе или да се сеќавате на некои смешни моменти.

Она што ви останува накрај е да се обидете сето ова да го примените во пракса. Редиците и чекањето ги има на секој чекор. Од тоа не може да избегаме. Но можеме на адекватен начин да се избориме со тоа.

Прочитајте како искреноста кон себе е клучна алатка во процесот на трагање по вистината.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје