Занимливости и информации Литература Поучни приказни Проза

Кога Џои беше сам дома

Те гледам дека заминуваш. Ми е страв дека нема да се вратиш назад. Што ќе правам сам? Мојот живот ќе нема смисла без тебе. Не знам дали ќе успеам да продолжам понатаму. Како ќе преживеам? Ќе мора да се снајдам како што знам и умеам. Те гледам се дотера, стави од парфемот чијшто мирис се протега низ целата соба. Еј, немој да ме заборавиш. Гледам ги ставаш ракавиците, капата и шалот. Сигурно надвор има снег и студи премногу.

Се надевам дека нема да умрам сам во овој стан, ем осамен, ем гладен и смрзнат. Еј, не си заминувај без поздрав. Јас не знам што ќе правам точно во овие четири ѕида. Гледам си ги тргнала предметите што можам да ги скршам. Секако не планирав ништо да демолирам, одамна ме научи да си се држам до моето легло. Ја гледам високава елка накитена во собава и сфаќам дека ти си замина без да ме погледнеш. Нешто ти се брзаше, на излегување само ми рече: „Џои, биди умен, ќе се вратам!“.

„Што ако не се врати?“, си мислев. Лошите мисли ми го окупираа мирот, пробав да се занимавам со нешто. Малото гумено топче што беше покрај мене повеќе не ме интересираше. Не беше забавно сам да си играм со него. Кога таа беше тука играњето со нејзе е вистинска забава. Ветувам дека нема повеќе да им лаам на непознатите гости што ни доаѓаат во станот. Ќе бидам културен домаќин, само не ме оставај сам, те молам!

Не знам што ќе правам ако не се врати, таа толку ми е потребна! Ау, што пукна сега? Каков е овој звук што ме натера да потскокнам? Подоцна дознав дека ги нарекувале петарди. Толку се плашам од нив, што веднаш се стуткувам во ќошето и чекам звукот да престане. Заедно со него и мојот страв. Кога таа е тука ме зема во скут, ме гали нежно по целото тело и стравот веднаш исчезнува. Сега сум оставен сам на себе, самиот да се борам со својот страв. Ох, не пак! Еве го повторно пукањето, кој ли го измисли?

Уште некое време се слушаа звуците не петардите, конечно сум заспал. После два часа се враќа газдарицата и влегува во собата кај што спијам. Веднаш се будам, целиот радосен дека се вратила трчам кон неа. Ги кревам шепите кон неа, потскокнувам и ѝ ги лижам рацете обидувајќи се да ја лижнам еднаш и на образ. Тоа е мојот доказ колку ја сакам и колку ми недостигала. „Поминаа само два часа, нели ти реков дека ќе се вратам“, ми вели насмеана. Сакам да ѝ покажам колку е празно без неа. Не можев да глумам дека сум лут бидејќи премногу ја сакам. Едвај чекав да ја видам пак, немаше смисла да се лутам кога сепак се врати. Два часа ми се чинеа долги како две години.

Ова беа размислувањата на кучето Џои насочени кон неговата газдарица.

Кратка риказна за кучето Џои и неговата газдарица каде акцентот е ставен на домашните миленици кога тие се оставени сами во затворен простор.

Н.Н

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје