Бадникова вечер

Ден пред Христовото раѓање

кај и да си бил, дома да си бидеш,

Божиќното утро со радост да се дочека

животот со живот да се слави,

сите да сме весели, живи, здрави!

Додека бадниковото гранче догорува,

домот нека се исполни со мир, спокој да царува!

Бадниковата вечер нè собира сите на едно место,

таму каде што е најтопло, кај што си со мислите често.

Среќен е оној кој има со кого трпезата да ја дели,

да бидеме сите тука, срцата со љубов и среќа да се цели.

Топлината на домот да трае цела година,

Божиќните песни нека го избркаат сето зло,

Бадник е, да го дочекаме уште многу лета.

Н.н

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!