Во езерото наше нешто се крие,
дојдете да го видите и вие.
Тоа нешто е свето знај,
и најубаво во нашиот крај.
Луѓето го посетуваат многу често,
затоа што тоа е преубаво место.
Островот наш е со векови стар,
и тој ни е од Бога дар.
Таму живеат животинчиња диви,
дури и зајачиња сиви.
Таму има и цркви наши,
ако сака некој да го посети воопшто да не се плаши.
Островот за сите нас е многу вреден,
и секој негов дел си е посебно од природата среден.
Уште еднаш ве покануваме да дојдете и вие,
да видите каква убавина се крие.
Тони Стефановски