Децата помнат многу и она што го доживуваат во детството во голема мера го обликува нивниот возрасен период од животот. Како и односот кон себе и кон другите. Овој текст е корисен за сите родители и оние кои ќе станат допрва. Претставува еден вид потсетник дека децата гледаат и помнат сè што правите. Затоа убаво ви било со нив да правите весели спомени!
1. Моментите кога поради вас се чувствувале сигурни (но и несигурни)
Децата се многу чувствителни и додека се мали непрекинато чувствуваат потреба да бидат заштитени. Вашите деца ќе помнат како сте ги бркале чудовиштата под креветот и сте ги прегрнувале после ноќните кошмари. Но ќе се сеќаваат и на моментите кога сте викале на нив, а сте немале право. Тие се моменти и кога вашиот карактер ќе се претвори во чудовиште од кое се плашат.
2. Моментите кога целосно сте им се посветиле
Се вели дека кога детето постојано ве вика да си играте со него тогаш тоа добива премалку родителско внимание. Кога ќе оставите сè – и садовите и моблниот телефон и ќе му се посветите на своето дете, тоа ќе почувствува и забележи. Играјте си со него, правете нешто заеднички. Тие се моменти кога создавате спомени. Нивните спомени на кои веројатно ќе се сеќаваат цел живот.
3. Начинот на кој се однесувате со својот сопружник
Најдобар начин да го научите детето што е љубов е ако према својот партнер се однесувате со љубов и почит. Начинот на кој постапувате со него длабоко ќе влијае на нивното однесување во нивните врски подоцна. Вие му поставувате стандард за она што е нормално, прифатливо и неприфатливо однесување на своето деет. Покажете му ја својата среќа, но и лутина и тага.
4. Вашите зборови, но и критики
Користете пофалби, но бидете внимателни со изјавувањето “браво“ на секој нивен чекор. Некогаш претераното фалење не им оди во прилог на децата. Не е убаво ниту кога изостануваат зборовите што значат поддршка, потпора и поттик. Тие се зборови кои ги туркаат, им ја јакнат самодовербата и веруваат дека можат да го остварат она што го сакаат. Вашите охрабрувачки зборови ќе им останат засекогаш врежани во помнењето.
Вашата критика можеби уште посилно ќе биде запомнета. Тие се зборови кои болат и ако бидете груби, влијаат на нивиот однос кон вас и кон самите нив. Иако вашата задача е да ги “обликувате“ децата дури и ако имате критика покажетеја со зборови полни љубов и охрабрување.
5. Вашите семејни традиции
Начинот на кој го славите Божиќ веројатно ќе биде начин на кој и вашето дете ќе сака да слави кога ќе порасне. Низ семејните традиции децата стекнуваат убави спомени кои ќе сакаат да ги повторуваат. Децата сакаат предвидливи работи. Самите создадете свои традиции на славење родендени, неделни излети, години одмори и слично. Но погрижете се тие да бидат позитивни настани преточени во убави спомени.
Прочитајте ги и следниве совети од детски психијатар: Како да се однесувате кон своите деца?
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.