Љубомир Груевски (роден на 17 јануари 1949, во Гевгелија – починат на 10 ноември 2016, во Битола) е македонски поет.
Роден е на денешен ден и во негова чест споделуваме две песни од неговата прва издадена стихозбирка „Гемии“. Таа е една од првите книги кои сум ги добила на подарок и за мене има посебно место во срцето и спомените.
Интересно е за оваа стихозбирка тоа што поетот своите поетски видувања ги искажува со патриотска интонација која е присутна и во песните кои ги споделуваме. Уживајте!
Сонот под Пелистер
Белата кама ми ја спружил
в срце
та кога го гледам
Ни јас ни тој ни некој друг знае
Кој од кого ќе се расплаче
додека заслепени од блескотот
на височината
на снегот и стихот
Под око се гледаме Тој во мене
Јас во него
И двајцата уморни од секојдневието
во Битола.
Сонот над Драгор
Отчепено грло и устите
Солзите на вековите
Од Баба до Црна ги собира
Додека се менуваат цареви
и султани
над Битола Јас Покрај мене Тој
страшен ли разговор
на мраморот и минливоста.
Прочитајте уште една песна од истиот поет овде Крајбрежна – Љубомир Груевски
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.