Skip to content

Неколку интересни факти за Лорд Бајрон – еден од најголемите романтичари од 19 век

Лорд Бајрон (Џорџ Гордон Бајрон) е еден од најголемите британски поети. Роден на денешен ден, 22 јануари 1788 година во Лондон, Англија.

Неговиот татко бил капетанот Џон Бајрон, познат како „Лудиот Џек“, а неговата мајка се викала Кетрин Гордон. Кетрин била втора сопруга на Џон, бидејќи неговата прва жена починала откако ја родила нивната втора ќерка. Џорџ Бајрон имал полусестра која се викала Аугуста. Кога имал само 10 години, Џорџ станал Лорд Бајрон откако ја наследил титулата од неговиот чичко Вилијам Бајрон. Тој студирал на колеџот Тринити, но западнал во долгови. Неговиот прва објавена поетска збирка се вика „Часови на бездејство“, за која не добил добри критики.

Интересни факти за Лорд Бајрон:

1. За лордот Бајрон се верува дека е роден на улицата Хол бр. 16 во Лондон, Англија.

2. Лорд Бајрон живеел многу слободен и разуздан живот и се разболел од сексуално пренослива болест кога имал само 21 година.

3. Исто така на 21 годишна возраст, добил парламентарно место во Домот на лордовите.

4. Лорд Бајрон потоа ја напишал English Bardsand Scotch Reviewers, сатирична поема со која ја напаѓа книжевната фела во Британија.

5. Лорд Бајрон пропатувал околу Средоземното Море кога имал 22 години и напишал поема со наслов „Странствувањето на Чајлд Харолд“, за еден млад човек кој патувал во повеќе странски земји.

6. Лорд Бајрон ги напишал песните „Абидонската свршеница“, „Корсар“, и „Ѓаур“; по аферата со неговата полусестра.

7. Лорд Бајрон се оженил со Ана Изабела Милбанке во јануари 1815 година. Нивната ќерка се родила следниот декември.

8. Ќерката на Лорд Бајрон, Аугуста Ада Бајрон Кинг станала позната математичарка за која се мисли дека го изработила првиот „компјутер“.

9. Сопругата на Лорд Бајрон го оставила во јануари после раѓањето на нивната ќерка, поради неговиот алкохолизам и долгови. Никогаш повеќе не ги видел ниту сопругата ниту ќерката.

10. Во април Лорд Бајрон ја напуштил Англија и никогаш повеќе не се вратил.

11. Лорд Бајрон поседувал колекција на чаши со вино направени од черепи. Кога неговиот пријател Перси Шели (сопруг на Мери Шели) побарал еден череп, но бил одбиен.

12. Лорд Бајрон и неговите пријатели, вклучувајќи ги Шели и Клер Клермон го поминале летото 1816 година заедно во Вила Диодати во Швајцарија. За време на тоа лето, Лорд Бајрон им предложил да се натпреваруваат во пишување најдобра хорор приказна. Мери Шели го напишала „Франкенштајн “. Лекарот на лордот Бајрон, Џон Полидори, го напишал „Вампир“.

13. Клер Клермонт ја роди ќерката на Лорд Бајрон, Алегра, во јануари 1817 година.

14. Лорд Бајрон ги поддржал Грците во нивната борба за самостојност од Отоманската империја. Тој дури и командувал со една елитна единица грчки борци.

15. Лорд Бајрон починал на 36-годишна возраст, на 19 април 1824 година после неколкумесечно боледување.

16. Лорд Бајрон бил многу оплакуван во Англија, а неговото тело било вратено таму од Грција, каде што го прогласиле за народен херој.

17. Најпознатите песни на Лорд Бајрон се: Проклетството на Минерва (што била напишана како осуда на отстранувањето на мермерот од Партенон од страна на Лорд Елгин во Грција), Таа оди во убавина, Дон Жуан и Кога двајцата се разделивме.

18. Лорд Бајрон се смета за една од водечките фигури на Романтизмот – уметничко, интелектуално и книжевно движење во Европа во 19 век.

Прочитајте и 16 факти за животот на Агата Кристи кои можеби не сте ги знаеле.

Напишете коментар