Револуција – Софија Величковска

И вулгарноста ко некое

јаболко од гранка ни паѓа,

избезумието ко проклет

покварен воз ни останало

во нашето хаотично мозоче,

знате.. префинетоста не е во шаренилото

на пеперутката,

туку во нејзиниот борбен лет.

Гласот ни е строг и зарипнат,

устите ни се суви и од

мрморење веќе уморни,

а сепак,

како да сме силни војсководци на една чета,

како да сме императори на прекрасно создадена

империја,

ние креваме револуција,

ние ја доживуваме како нешто

од кое не можеме да побегнеме,

оти знаеме дека без неа успех нема,

оти знаеме дека без борба и кучето

гладно ќе си остане ако живее кај

лоши домаќини..

тивко и чудесно си пееме нешто,

огорчени од извонредно обликуван план

да не уништат уште пред да започнеме со

динамичен живот,

уште пред да искусиме како е да се љуби

и како е да се губи,

уште пред да ги запознаеме

најпознатите писатели за кои мечтаеме,

уште пред да почуствуваме болка во градите,

нивната желба е да нè уништат.

револуцијата е нашиот спас,

револуција постои во љубовта,

револуција постои и кога

самите себеси не си се поднесуваме,

револуцијата отсекогаш е знак за некаква борба,

оти со молчење само шамари можеме да добиеме,

а локумот ќе си го јадат оние што

вешто си играат со чуствата на обичните смртници!

Софија Величковска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?