Пенелопа (грчки: Πηνελόπεια) е лик од Одисеја, една од двете епски поеми на Хомер, заедно со Илијада. Таа во грчката митологија е сопруга на кралот на Итака, Одисеј, и ќерка на Икариј и Перибеја.
Со Одисеј го има синот Телемах, кого го раѓа непосредно пред Одисеј да биде повикан да се бори во Тројанската војна.
Одисеј оди во битка, а по војната се враќа дома, на неговиот роден остров Итака, каде Пенелопа го чека веќе дваесет години. За време на тие дваесет години, таа била постојано опкружена со додворувачи, но таа постојано ги одбивала, чекајќи да се врати нејзиниот сопруг и не верувала дека тој е мртов.
Некои од тие 108 додворувачи (просјаци според Хомер) биле: Агелај, Амфимедон, Амфином, Ктесифус, Демоптолем, Елатус, Евријад, Еуринус, Еуридам, Еуримах, Ир, Леокрит, Лодеод, Писандар и Полибиј, а нивниот водач бил Антиној.
Легендата за Пенелопа
Додека боговите Одисеј го носеле од едниот до другиот брег на Средоземното море, во бројни авантури, во неговиот дом, во Итака, неговата сопруга Пенелопа и синот Телемах нестрпливо го чекале неговото враќање.
Додворувачите, почнале да мислат дека Одисеј е мртов, па решиле дека некој од нив треба да го заземе неговото место и да се ожени со кралицата.
„Изберете некој од нас“, и рекле на Пенелопа. „Одисеј никогаш нема да се врати, и на Итака и треба крал!“
Но, Пенелопа во срцето чувствувала дека нејзиниот сопруг ќе се врати, па им одговорила на додворувачите: „Ќе изберам веднаш штом ќе завршам со ткаење на ова платно!“. Тоа платно всушност требало да биде погребна обвивка за стариот татко на Одисеј Лаертас.
Додворувачите чекале, прво трпеливо, па сè повеќе раздразливо: Ова осветено платно никогаш нема да биде завршено!
Ткаела секој ден 20 години
Сепак, кралицата ткаела секој ден. Тие не знаеле дека секоја вечер, додека додворувачите спиеле, Пенелопа го парала она што го ткаела! Поминувале денови, месеци и години.
Конечно, уморни од чекање, се појавиле додворувачи кои и се закануваа на кралицата: „До утре платното мора да се заврши и да се организира венчавката!“
Пенелопа веќе не можела да најде нови изговори: уште следното утро, светото платно било завршено.
Но, боговите конечно сакале да ја наградат верната сопруга: токму во тој момент се појави брод на отворено море … Кралот конечно се вратил дома! И ден денес, таа останува да биде симбол на верната жена.
Прочитајте го и Митот за Пелопс и Хиподамија
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.