Излезе од печат збирката „Учиме со песна“ од Маријана Митревска

Втората збирка на Маријана Митревска излезе од печат. Станува збор за книга за деца со наслов ,,Учиме со песна”. Авторката вели дека инспрацијата повторно е Тоше Проески, Христијанството и Децата како најголем мотив.

За издавањето на книгата околу финансискиот дел овојпат ѝ помогнале фановите на Тоше. „Книгата ќе се донира на неколку локации каде има деца со цел да предизвикаме насмевка на нивните лица“, вели Маријана.

Песните во книгата се од секојдневниот живот, со илустрации во колоритно издание. На тој начин децата ќе научат преку песна и слика основни правила, фази и ќе се здобијат со информации од животот или за некои празници, општествени локации одговори на прашањата кои може да си ги постави едно мало дете.

Маријана Митревска

 

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?