Мари де Рабутин-Шантал, позната како маркиза Севиње, односно Мадам де Севиње, е француска писателка на писма, родена на денешен ден во 1626 година во Париз. Починала на 17 април 1696 година во замокот Грињан (Дром) во Франција. Ви претставуваме неколку интересни факти за нејзиниот живот.
Потекло и животна трагедија
1. Потекнува од благородничка фамилија од Бургундија, но останува сираче, за на осумнаесет годишна возраст да се омажи за маркизот Севиње со кого има две деца.
2. Останува вдовица набргу, на само 25 години кога нејзиниот сопруг загинал во дуел со генералот Албер заради неговата љубовница.
3. Мадам де Севиње се допишувала со својата ќерка скоро триесет години, која откако се омажила заминала да живее во провинција. Нејзините писма се сметаат за едно од најголемите богатство во француската книжевност.
Овие писма го отсликуваат времето во кое живеела, како и нејзината голема љубов кон ќерката и даваат опис на нејзината личност.
4. Полин де Симиjан, внука на Мадам де Севиње, одлучила официјално да ги објави писмата на нејзината баба.
5. Писмата беа избрани според упатствата на Г- ѓа Симијан: таа ги отфрли оние кои беа поврзани со приватни фамилијарни работи или оние што изгледаа дека се лошо напишани. Останатите писма често беа препишувани во согласност на стилот на пишување кој го знаеме денес. Ова го покренува прашањето за оригиналноста на писмата.
6. Писмата на Мадам де Севиње играат важна улога во романот „Во потрага по изгубеното време“ од Марсел Пруст, зошто се омилени за читање на бабата на нараторот, а по нејзината смрт и неговата мајка.
Храброста на Мадам де Севиње
7. Нејзината важност за литературата можеби лежи и во нејзината храброст да пишува и покрај тоа што во времето во кое живеела сите жени кои пишувале биле исмејувани и најчесто пишувале под псевдоним како на пример Мадам де Лафајет.
8. Пишува за време на големите класичари, Молиер и Корнеј и на некој начин сака да го копира нивниот стил на пишување. Писмата се внимателно пишувани за да го забавуваат нејзиниот измислен и иделизиран читател. Но, треба да се напомене и дека нејзината ќерка имала обичај да ги чита јавно пред нејзините пријатели.
9. Таа одамна е призната како една од најголемите книжевници во нејзиното време и нејзините писма се совршен пример за епистоларно пишување.
10. Писмата на Мадам де Севиње се од огромна важност затоа што го опишуваат начинот на живеење во тоа време и ги опишува ликовите на нејзините современици, животот на дворот на Луј XIV и главните настани од неговото големо владеење.
Прочитајте и неколку интересни факти за Лорд Бајрон, еден од најголемите романтичари од 19 век.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.