Втора епизода (втора сезона) од „Кулитерација“ со Душко Трифуновски

После првата воведна епизода минатиот четврток премиерно беше пуштена втората епизода од Кулитерација на радио МОФ.

Емисијата беше посветена на љубовта и виното како вечна инспирација и во истата малку воведно зборувавме на таа тема, а прочитавме и љубовна поезија. Во вториот дел имавме многу интересен и инспиративен разговор со младиот писател Душко Трифуновски по повод реизданието на неговиот роман, тој ни соопшти и новитети поврзани со неговиот книжевен ангажман.

Да не должиме многу, сите што сакате да ја преслушате, слободно направете го тоа со кликнување на копчето плеј подолу.