Втора селекција: Девет романи влегоа во трка за наградата „Роман на годината“

Жири комисијата составена од Оливера Николова, Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева – претставничка на Фондацијата „Славко Јаневски“ ја направија втората селекција на пристигнатите романи кои влегоа во потесен круг.

Во втора селекција во трка за наградата „Роман на годината“ се следниве романи: „Лето во кое те нема“ на Петар Андоновски, „Или – Или“, „Шрапнел“ од Игор Анѓелков, „Или – Или“ и „Суво мастило“ на авторот Владимир Илиевски, „Македоника литера“, „Скриени желби, немирни патувања“, Владимир Јанковски, „Антолог“, „Ши“, Сашо Кокаланов, „Или – Или“, „Сфинга на гневот“, Жарко Кујунџиски, „Антолог“, „Фантомско стапало“, Блаже Миневски, „Матица македонска“, „На враќање“, Фросина Пармаковска, „Или-Или“ и „Куќа над брановите“, Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“.

На годинашниот конкурс пристигнаа вкупно 41 роман, а жири-комисијата во првата селекција одбра 18 наслови.

Наградата „Роман на годината“, ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Наградата се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22 пат.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?