Џон Стајнбек, американски Нобеловец, гигант на американските букви

Џон Ернст Стајнбек (27 февруари 1902 – 20 декември 1968) е американски автор на дваесет и седум книги, вклучувајќи шеснаесет романи, шест документарни книги, и пет збирки на куси раскази.

Роден е на денешен ден во 1902 година роден на Салинас, Калифорнија. Имал мешано потекло: германско, ирско и англиско.

Познат е по хумористичните романи Рамна тортиља (1935) и Конзервиран ред (1945), како и по епскиот роман Источно од рајот (1952), и романите Глувци и луѓе (1937) и Црвениот пони (1937). Ја добил Пулицеровата награда за романот Плодовите на гневот (1939), општо признат како дел од американската канон литература, и која е призната како негово ремек дело. Во првите 75 години откако е издадена оваа книга, продадени се 14 милиони примероци.

Добитникот на Нобеловата награда за литература во 1962 година, бил наречен „гигант на американските букви“. Неговите се читани надвор од границите на Америка, а многу од неговите дела се сметаат за класика на западната литература.

Најголемиот дел од делата на Стајнбек се одвиваат во јужна и средна Калифорнија, посебно во долината Салинас и по бреговите на Калифорнија. Неговите дела често ги обработуваат темите за судбината и неправдата, посебно во животот на угнетените и обичните луѓе.

Творештво

Првиот роман на Стајнбек, Чаша злато, издаден во 1929 година, е делумно заснован на животот и смртта на гусарот Хенри Морган. Во романот се зборува за нападот и грабежот на градот Панама, кој е наречен ‘Чаша злато’, но и за жената, поубава од сонцето, за која се велело дека ја сретнал таму.

После Чаша злато, од 1930 до 1933 Стајнбек издаде три кратки дела. Небесни пасишта, објавена во 1932 година, содржи дванаесет поврзани приказни за долина близу Монтереј, која била откриена од Шпанците додека ги бркале избеганите индијански робови. Во 1933 година Стајнбек ја објави книгата Црвениот пони, во која на 100 страници се раскажани сеќавањата на неговото детство. На непознатиот Бог, книга наречена по Ведска химна,го раскажува животот на еден населеник и неговото семејство во Калифорнија, чиј лик е прикажан како пагански обожувач на земјата што ја обработува. Иако немал сè уште статус на познат писател, никогаш не се посомневал дека еден ден ќе успее.

Рамна тортиља

Стајнбек го постигнал првиот успех со делото Рамна тортиља (1935), роман кој зборува за повоениот период на Монтерес, Калифорнија, и за кој добил медал клубот Комонвелт. Ги опишува авантурите на група млади бездомници кои живееле во Монтереј после Првата светска војна, и непосредно пред американската прохибиција. Прикажани се како иронична споредба со митски витези кои се на задача и поради тоа ги отфрлаат сите обичаи на американското општество, и кои раскалашено се препуштиле на виното, страста, дружбите, и ситните кражби. Во 1962 година, кога му е доделена Нобеловата награда, Шведската Академија за ова дело навела: „непристојни и комични раскази за банда од асоцијални лица кои во нивните диви уживања се речиси карикатури на витезите од тркалезната маса на крал Артур. Во Америка, оваа книга била прифатена како противотров на тогашната депресија. Според Рамна тортиља снимен е филм во 1942 година со истото име, во кој настапуваат Спенсер Трејси, Хеди Ламар и Џон Гарфилд. Со дел од хонорарот, тој си изградил куќа во Лос Гатос.

Калифорниски романи

Стајнбек почнал да пишува серија на „калифорниски романи“, во кои се зборува за обичните луѓе за време на Големата депресија. Овде спаѓаат романите: Во сомнителна битка, Глувци и луѓе и Плодовите на гневот.

Глувци и луѓе

Глувци и луѓе е драма за очекувањата на двајца доселеници кои биле земјоделци во Калифорнија. Критиката високо го оцени овој роман, а при доделувањето на Нобеловата награда во 1962 година, наречен е „мало ремек-дело“. Сценската изведба беше хит, во која настапуваше Валас Форд како Џорџ, и Бродерик Крафорд како другарот на Џорџ – Лени. Стајнбек одбил да присуствува на ниту една од изведбите кои се одржувале во Њујорк, а на режисерот му рекол дека само изведбата која ја има замислено во глава е совршена, и дека секоја друга изведба на сцена за него ќе биде разочарување. Стајнбек напишал уште две театарски дела (Падната Месечина и Светлина што гори).

Според романот Глувци и луѓе снимен е филм во 1939 година. Снимен е и втор филм во 1992 година, во кој игра Џон Малкович во улогата на Лени.

Плодовите на гневот

Стајнбек го продолжил успехот со Плодовите на гневот (1939), роман кој се базира врз статија од весник за доселеници земјоделци. Најчесто овој роман се смета за негово најголемо постигнување. Според Њујорк Тајмс, ова е најпродаваната книга во 1939 година, а 430.000 примероци биле испечатени до февруари 1940 година. Во текот на тој месец, романот ја добил наградата за национална книга, за која гласале членовите на Американското здружение на книжари.Во текот на истата година, романот ја добива и Пулицеровата награда за книжевно дело. Според него е снимен филм во режија на Џон Форд, во кој главната улога ја играл Хенри Фонда. За оваа улога, тој е номиниран за најдобар глумец од страна на Академијата.

Плодовите на гневот е контроверзно дело. Политичките погледи на Стајнбек, негативниот став кон капитализмот, како и симпатијата кон работниците, довеле до силна реакција против авторот. Тврдејќи дека во книгата погрешно се претставени условите на живот во округот Керн, одборот на надгледувачи во август 1939 година ја забраниле книгата, и ја отстраниле од јавните библиотеки. Оваа забрана траела до јануари 1941 година.

За овој настан Стајнбек напиша: „Клеветата што ми ја приредија големите земјопоседници и банкари, е многу лоша. Проширија и глас дека народот од Оклахома ме мрази и дека ми се заканиле дека ќе ме убијат. Јас сум исплашен од сето ова. Ова сосема излегува од контрола, мислам на хистеријата која расте околу овој роман, и која не е здрава.“

 

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?