Skip to content

Врбата – Анастасија Лефкоска

Погледни ја врбата,
цврсти се нејзините стари корења,
тажна ѝ е внатре душата.

Тажна е врбата,
на неа нема веќе лулашка,
заљубени не покира,
на коренот ѝ светка секира.

“Не сечете ми ја врбата!” Слушна позади неа,
“Под неа се заљубив, под неа се пронајдов и изгубив,
под неа го видов светот!” Извика поетот.

Погледни ја врбата,
цврсти се нејзините стари корења,
среќна ѝ е внатре душата.

Ја краси лулашка и деца насмеани на неа,
заљубените одвреме – навреме ги погледнува,
секирата е за’рѓана.

Погледни ја врбата дете мое,
цврсти се нејзините стари корења,
на себе носи една цела приказна.

Напишете коментар