Skip to content

Сонлива песна – Николина Ќорвезироска

  • by

Секое утро те разбудувам,
Со мирис на мајкина душичка
Како некој витез војувам со светот
За тебе…со тебе…ти си ми и меч и штит
Сите зла ги победубвам…
Те будам, ти во срцето ми се криеш
Си играш, де со месечината де со сонцето
Сонлива си уморна…
Секоја вечер, сонуваш..на листот легнуваш
И чекаш перото да проговори…белината да ја засити
И дрвата се во молк, ти го крадат сонот
Со убавина и спокој мамиш
Како булка крај шини се вееш
А толку во срцево сакаше да ми тлееш
Одиш по истиот пат до ѕвездите
одбираш една, по една, круна си плетеш
заборави дали ден или ноќ е
играј со мене и ѕвездите
како што игра душата на славејот
Кога последната песна ја пее
Ја слушав кога бев дете,
Расони се и биди ми закрила вечна.

Николина Ќорвезироска

Напишете коментар