Мисло моја – Сузана Божиновска

Ти си мојот пат

по кој се движам.

Но не сум сама.

Ти си со мене.

Ти си мојот верен сопатник.

Заедно чекориме

по патот на среќа,

но заедно чекориме

и во тага.

Заедно ги поминуваме полињата,

на она што сме го посеале

за да утре заедно

им се радуваме на плодовите

што самите сме ги создале.

Со брзина на светлина

ме носиш

на највисоките планини

за да ми покажеш колку е убав погледот од високо.

Но и да ми покажеш

што се има по патот

до врвот.

Да ми покажеш дека

колку е тешко искачувањето

толку полесно е да се симнеш надолу.

Патот долж течението на реката беше лесен,

но патот

во спротивната насока

беше поубав.

Бараше упорност.

Бараше трпение.

Бараше сила и истрајност.

Таквите патишта се најубави.

И додека ветерот беснееше,

невремето пред наши очи

ја однесе искреноста.

Љубомората и злобата

фатени рака подрака

задоволни ни мафтаа

од мрачните улични тротоари.

Ние збунети од глетката

погодени од тешки куршуми

пропратени со страшни истрели…

Продолживме понатаму!

Патот по кој

чекоревме заедно

во минатото,

патот по кој чекориме и денес,

нека во иднина стане

пат на наш заеднички успех.

Нека стане пат

на нашата среќа.

Пат кој самите го избравме.

Пат за кој самите

се изборивме…

Никој друг..

Само јас и ти МИСЛО МОЈА

Сузана Божиновска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?