Моменти – А. Лефкоска

Беше моментот кога престанав да дишам,
кога срцето престана да чука и крвта во вените се стиша,
тогаш умрев, ама и тогаш оживеав штом првата реченица од првата приказна ја запишав.

Беше моментот кога на поминување ја крена главата,
кога очите ти заблескаа на таа светлина,
тогаш сфатив зошто поетите не ја сакаат славата,
зошто пишуваат во темнина.

Беше моментот кога се насмеа,
кога морници искокнаа ко гуски немирни,
кога звукот тој по грбот ко топол мед се разлеа,
истиот тој момент кога срцето своите порти железни ги отвори.

Беше моментот кога престанав да дишам,
кога срцето престана да чука и крвта во вените се стиша,
тогаш умрев, ама и тогаш оживеав штом првата реченица од првата приказна ја запишав,
беше моментот кога ко од шеснаесет годишна кома да се разбудив,
ме разбирате, ама никогаш нема да признаам дека се заљубив.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?