Прошка

Секој може да најде сила

Да опрости без да каже збор

Само со погледот, само со сјајот во очите

Само со една насмевка која

Е почеток на мирот.

Секој може да најде сила

Да опрости без да каже збор

Само со една подадена рака,

Само со една топла прегратка

Која кажува сé.

Секој може да најде сила

Да опрости без да каже збор

Само со еден гест

Со еден благороден израз на почит

Кој докажува дека

Прошката е над сé.

Таа е најголем израз

На љубовта

Зошто знам

Во неа се кријат

Сите новородени

Љубови и откриени тајни.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?