Денот на Св. Патрик е Ирски национален празник и се празнува секоја година на 17 – ти март. Иако се смета за Христијански празник, празнувањата се малку далеку од тоа. Денот на Св. Патрик се празнува со журки опсипани со претпознатливата боја на Ирска, зелено пиво, леприкони (Келтски митски суштества – паганизам) и детелинки со четири листа (повторно паганизам).
Верувањето за празникот
Св. Патрик бил Римско – Британски мисионер дојден во Ирска да го прошири Христијанството. Се верувало тогаш дека Ирска вриела од змии, а Светиот Патрик со своите чудесни моќи и Божјата помош ги избркал змиите од Ирска.
Што навистина се случило?
Наспроти популарните верувања, во Ирска никогаш немало толку многу змии како што е запишано во легендата. Патрик не постоел, па барем не со тоа име. Неговото вистинско име било МевинСукат и да, можеби бил Христијански мисионер, но никогаш не успеал да ги избрка “змиите” од Ирска. Името Патрик го добива по смртта од страна на Католичката Црква (инспирирани од местото каде што е закопан). А змиите, претставени во легендата се паганите. Друидите, верниците и оние што ја чествувале Тројната Божица.
Ширењето на Христијанството не се случило во еден ден, туку периодично и не се одвивало мирно, туку, како и секоја војна за моќ и доминација насилно. Храмовите на паганите биле палени, рушени, домовите им биле одземани. Биле напаѓани, претепувани и избркани во името на една “цивилизирана” религија. Оние што останале морале да се откажат од своите верувања и да се прилагодат на новите. Како и Св. Патрик со тек на време и Келтските Пагански Божества добиле Христијански имиња, потекло и животи (погледнете го Келтскиот крст како пример). Фер? Па, од непристрасна гледна точка и не баш.
Денот на Св. Патрик денес – за Христијаните и Паганите во Ирска
Додека Св. Патрик за Христијаните е ден за славење во Ирска, а под дифолт и на Христијаните ширум светот, за паганите (околу 250.000 неопагани само во Обединетото Кралство) тој ден е малку поинаков. Тие со минијатурни обреди се сеќаваат на предците, некои убиени, некои избркани и го одбележуваат денот со музика, игри со отсуство на зелено пиво. Тој ден, е ден на Ирска, но и се одбележува и како вид на еден ден на жалост, но и сеќавање за тоа како, по којзнае кој пат историјата, со тек на време, се заменува со наратив кој најмногу му одговара на оној што моментално е најмоќен.
Анастасија Лефкоска
Прочитајте повеќе за менување на историјата во колумната “За темите”.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.