Љубов – Гордана Каракашевска

Влегува во очите

Во јануари на челото танцува

Се спушта до брадата

Прави гнездо во срцето

Плива низ крвта

Мириса низ порите

Во август се сонча на стомакот

За да ти ги топли стапалата во декември

И сѐ така

Ги троши годишните времиња

Сѐ до последниот јули кога

Го крши срцето.

Што може друго да се каже?

Гордана Каракашевска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?