Skip to content

Џакомо Казанова, познат љубовник или нешто повеќе од тоа?

На денешен ден е роден познатиот Џакомо Казанова. Решивме да споделиме неколку интересни факти за него и сигурно ќе се изнeнадите кога ќе дознаете дека бил и уметничка душа и пишувал мемоари кои и денес се читаат со заинтересираност.

Казанова – имал неколку професии, меѓу кои и онаа на библиотекар и писател

На 2 април 1725 година е роден најпознатиот љубовник во европската историја – Џакомо Казанова. За многумина, името на Казанова се поврзува со „женкар“. Сепак, малкумина знаат дека неговиот вистински идентитет не се ограничува на неговите љубовни подвизи, тој е познат исто така по неговата улогата на адвокат, свештеник, музичар, дипломат, асистент, шпион, писател, па дури и библиотекар. Гласините за неговите љубовни подвизи се претерани и не се вистинити.

Бил многу интелегентен и образован

Џакомо Казанова бил многу интелигентен и образован. Тој дури се запишал на Универзитетот во Падова на 12-годишна возраст, а на 17-годишна возраст се стекнал со правна диплома, а потоа ги продолжил студиите во една семинарија. По враќањето во Венеција, тој ја започнал својата кариера како црковен адвокат, но улогата на адвокат и свештеник не го привлекувала, и тој започна да патува низ Европа.

Бил страствен играч на комар

Но, бил и многу дрзок, дури и кога започнал да се коцка на универзитет за бргу се нашол во долгови. Во исто време, тој бил свесен за својата страст: “Алчноста ме тера да играм. Сакам да трошам пари, а срцето ми крвари кога не добивам пари кога играм карти“.

Се преправал дека е алхемичар

Познатиот љубовник фасциниран од магијата, во Париз, се преправал дека е алхемичар, но всушност бил шарлатан и маѓионичар. За време на неговите патувања во Франција, тој стана член на масонското друштво. Поради неговиот интерес за окултизмот и неговите врски со масоните во 1755 година, тој бил уапсен и затворен во  затвор.

Познат по своето бегство од затвор

Во своите мемоари, Казанова  кажува дека успеал да избега од затвор, со помош на еден свештеник од соседната ќелија и неговата наметка. Наводно направил дупка во таванот, се искачил на покривот и оттаму се симнал со наметката. Постои и верзија во која потплатил еден од вратарите.

Работел како шпион

Во 1757 година, францускиот министер за надворешни работи го испратил во Дункирк како шпион. Тогаш Казанова имал задача – внимателно да се распрашува за структурата на бродовите и слабите точки на непријателската војска. Џакомо разговарал со европски монарси, кардинали и мислители.

На крај, ги напишал своите познати мемоари

Последните години од својот живот Казанова ги помина прилично скромно. Живеел во замокот Дук во Бохемија (сега Чешка), каде работел како библиотекар кај грофот Жозеф вон Валјдстајн и ги напишал своите познати мемоари. Приказната за мојот живот“ била вистинска сензација во тоа време и се читала низ Европа.

Една жена му оставила голема трага

Во своите мемоари, Казанова не го споменува бројот на неговите љубовници. Според неговиот биограф имал дури 122. И покрај многу љубовни врски,  само една жена остава трага на неговиот живот. Во неговите мемоари тој ја нарекува Хенриета. Оваа Французинка не била  само убава, туку и многу паметна. Нивната врска траела само три месеци, а тој не можел да ја заборави  до крајот на животот.

Издадени книги

Една од првите работи што ги напишла Џакомо Казанова беше всушност само превод на познато дело: „Илијада“ на Хомер.

Џакомо Казанова е најпознат по неговата зачудувачка автобиографија, Histoire de ma vie (Приказната за мојот живот). Книгата има повеќе од 3.000 страници. Подоцна тој ја прошири вло повеќе томови. Вкупно, има над десетина томови.

Некои од другите книги на Казанова (повеќето од нив се мемоари) се наведени подолу.

-Венецијанските војни

-Дуелот

-Калуѓерката од Мурано

-Под водство

Прочитајте ги и 8 занимливи факти за Винсент ван Гог, еден од најславните и највлијателни уметници

Напишете коментар