Не оди си!

Дур денот тмурно сив, досаден е`

ја слушам ,,крајот на детството’’

со придушено светло во дувлото мое

непрекинато одново и одново

додека, ја замислувам вчерашната вечер

крај реката Вардар, и пеперутките крај неа

седиме така двамата, се смееме и мислиме

не дозволуваме да дождот не прекине

во двобојот љубовен, виорен во воздухот

Те гледам, ме гледаш и се погледнувавме

опиени сетне од љубов, сетне од розето

само молам, да вечерта не заврши, скоро

вечно да трае како да ќе нема ден утре

пустина изодев дур оазата твоја не ја пронајдов

сега исполнета душата ми е`, од погледот твој

од насмевката и косите црвен кашмир кои се,

се потсетувам на бакнежот пред да си кажеме

добра ноќ во добата глува

во часовите ситни со бакнежи тивки

и мисли кои гласно изговараат,

НЕ ОДИ СИ!

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!