Кентаурот или Кентавр потекнува од Грчката митологија и за него се вели дека е раса на суштество со глава и гради на човек, а тело и нозе на коњ. Живееле во тешко пристапни планини во Тесалија, делот во западна Аркадија, Елида и во Ајтопија. Митологијата вели дека кентаурот имал посебна љубов кон пијалаците, односно пиењето. Ова e поврзано со неговата дива и силна природа и го прави неговото познато престапничко однесување. Кентаурите се хранеле со месо. Тие го симболизираат мракот и мрачните сили на природата. Во подоцнежните митови, кентаурите имале рогови или крилја, а некогаш и двете.
Теории за потеклото
Можеби најверодостојното и најчесто верување е дека кентаурскиот мит потекнува од реакциите на оние кои за првпат гледале коњ, со јавач на него. За Ацтеките се вели дека и тие верувале во слични митови како овој. Меѓутоа античките грчки автори, кога и да се спомнел кентаурот, го опишувале животното како ѕвер. А не пак да зборуваме за нивното пијанчење и разгневено однесување, кое ги прави ѕверови со кои не треба да се игра. Кентаурите се често прикажани во сцени од битката со Лапите, кога тие се обиделе да избегаат заедно со Лапитските жени.
Хирон, најпознат кентаур
Веројатно најпознатиот кентаур е Хирон, синот на Крон и Филира, кој за разлика од останатите кентаури не бил пијаница. Тој бил познат по тоа што бил внимателен, грижлив, љубезен, нежен, мудар и често познат по неговите знаења во медицината. Хирон им бил учител на многу познатите грчки херои како: Ахил, Асклепиј, Херакле, Јасон, Енеј, Пелеус и Дионис. Тој бил ранет со отровна стрела и тогаш претпочитал да оди во подземниот свет, отколку меѓу боговите.
Пријател со Херакле, најголемиот јунак
Хирон со својата жена Харикло ја имал ќерката Енеида, која се омажила за егинскиот крал Еака со кој го имала синот Пелеј, кој бил татко на јунакот Ахилеј.
Во Хироновата пештера на Мелејскиот ‘Рт се прославила Пелејевата свадба со божицата на морето Тетида. На таа светковина помеѓу божиците Хера, Атина и Афродита избил конфликтот околу златното јаболко, а тој конфликт подоцна со своите последици довел до Тројанската војна.
Еден од најголемите Хиронови пријатели бил најголемиот јунак од античките митови Херакле, кој поради несреќен случај, бил крив за Хироновата смрт.
Хироновата смрт
Кога по наредба на микенскиот крал Евристеј, Херакле заминал во лов на еримантскиот вепар, запрел кај својот пријател кентаурот Фол. Фол во чест на доаѓањето на Херакле припремил голема гозба и отворил големо буре со вино. Виното било во сопственост на сите кентаури, па кога мирисот на виното се проширил по околината, останатите кентаури дотрчале и ја нападнале куќата во која живеел Фол, за да го спасат своето вино.
Херакле во тој судир со кентаурите се ставил на страна на својот пријател Фол и со огнени цепаници ги истерал кентаурите сè до Пелопонез, каде што тие се сокриле во Хироновата пештера на Мелејскиот ‘Рт.
Сокриени во пештерата, Херакле ги гаѓал кентаурите со отровните стрели, а една од стрелите по несреќен случај го погодила и Хирон. Иако Херакле се трудел да го излекува Хирон, тоа не му успеало бидејќи стрелите биле натопени со отров од жолчката на Хидра, а против тој отров немало лек. Кога Хирон повеќе не можел да ги издржи болките, се одрекол од бесмртноста која му ја подариле боговите и одлучил да умре. Го замолил Ад, богот на подземниот свет, да го прими во царството на сенките, иако на тоа немал право, и тоа така што ќе го замени местото со јунакот којшто најмногу го задолжил човештвото. Тоа бил титанот Прометеј, кој тогаш станал бесмртен.
Прочитајте го Митот за Херакле, потеклото на името и задачите.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.