Денот на македонската азбука и македонскиот јазик (5-ти Мај) – Стефани Србиноска

Датум кој е значаен за сите нас, како народ, како македонци. Датум кој нѐ ­­сплотува исто како и значаен христијански празник.

Оти, што е еден народ без свој јазик? Исто како скршена птица, обидувајќи се да го започне својот лет, но залудно. Како затвореник на највисокиот врв, опкружен со зеленило и пријатен мирис кој гуши. Овенат цвет во рацете на вљубена девојка. Празна софра, со безброј подароци до спротивното столче, но сепак и тоа е празно. Порака на лист хартија, каде недостасува делче, без кое не би го забележале она убавото. Најважните зборови кои би ги извикале од срце на сиот глас, но како камен да стои во грлото, кочејќи ја сета среќа.

Народ без своја поезија, онаа најубавата, која милува и во најтешките моменти. Просто, живот без светлина, чекори без насока, планови без цел. Та затоа, да го негуваме нашиот јазик, денес, утре, секогаш. Да го прегрнеме и заштитиме од сето зло коа напаѓа, чувајќи го како капка вода во дланка. Оти тоа е наша задача.

Нека ни е честит денешниов ден, еден, единствен. Денот на македонската азбука и македонскиот јазик!

Стефани Србиноска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?