Биди она – Николина Ќорвезироска

Да бидеш она што си,

Ни мој, ни сечиј,туѓ..

Само свој…

Да бидеш како трева, која расте и му се смее на сонцето

Да не сакаш од никој ништо…

Да ја развлекуваш насмевката како чатал,

Чепорошка,

и со неа да гаѓаш во срцевината на ѕвездите

да одиш на прсти за да не ги разбудиш ситните души

да бегаш од лажливци, ненаситни за невистини

за да не им ги преболуваш по стопати нивните лаги

и пак да бидеш исмеван… недосмеван,

туѓ, а истовремено свој, растргнат

во овој тажен свет.

Николина Ќорвезироска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?