10 најдобри музеи во светот по повод меѓународниот ден на музејот

18-ти мај е датумот кога се одбележува меѓународниот ден на музеите. По тој повод направивме листа со музеи кои важат за најдобри во светот. Музејот е место каде што луѓето имаат можност да разгледуваат предмети на големите артисти, уметници, историски и други научни вредности. Тие помагаат луѓето подобро да се разберат меѓусебно посебно кога станува збор за културните разлики и преку нив се учат да ги ценат и да ги вреднуваат истите. Музеите се едни од најважнтие извори на едукација и овозможуваат информативни настани преку нивна посета.

Во продолжение следуваат десетте најдобри музеи во светот. Иако постојат уште многу подеднакво добри и импресивни кои вредат да се посетат, погледнете ја оваа листа. Дали можеби сте посетиле некој од нив?

1. Музеј Лувр во Париз, Франција

Ова е најголемиот, но и најпознат музеј на уметност во светот и историски споменик во Париз, Франција. Важи за најпосетен музеј во светот со повеќе од 9.7 милиони посетители годишно. Во 2005, Лувр примил рекордни 7,3 милиони посетители благодарение на успехот на романот „Кодот на Да Винчи“ од Ден Браун. Содржи повеќе од 35 илјади предмети од 6 век п.н.е. до 21 век. Колекцијта во музејот вклучува кралски накит, скулпутри, стари цртежи и Египетски антиквитети. Бил отворен во 1763 година. Подоцна колекцијата била надплнета од императорот Наполеон Бонапарта. Понатаму збирката колекции се зголемила од императорите кои ја воделе Франција во 18-ти век.

2. Национален музеј за природна историја, Вашингтон, САД

Тој е еден од најпосетуваните природно-историски музеи во светот, лоциран во Вашингтон, САД. Музејот содржи повеќе од 120 милиони природни примероци. Исто така е истражувачки центар и дом на најголемата група на професионални научници посветени на проучување на природата.

3. Национален музеј на Кина, Пекинг

Лоциран е на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, Кина. Музејот е посветен на уметноста и историјата на Кина. Содржи повеќе од 1 милион предмети кои датираат од пред 1.7 милиони години до последниот период на династијата Чин(Ќин) која владеела од 1644 до 1912 година. Многу од артефактите внатре во музејот не можат да се видат никаде на друго место во светот. Овој музеј припаѓа на најголемите и најпосетените музеи во светот.

4. Национален воздушен и вселенски музеј во Вашингтон, САД

Смитсонијанскиот нацонален воздушен и вселенски музеј во Вашингтон содржи најголема колкеција на авијатички и историски вселенски летала во светот. Внатре во него се приложени сите аспекти на човечко летање. Музејот содржи 60 илјади објекти вкупно, од микрочипови до ракети. Тој припаѓа во најпосетените музеи во САД со 8 милиони посетители годишно.

5. Британски музеј во Лондон, Англија

Еден од најстарите и најголемите музеи во светот и бил основан во 1751 година. Тој е посветен на човечката историја и култура. Во библиотеката на музејот се наоѓаат повеќе од 7 милиони книги напишани на околу 105 јазици и повеќа од 3.000 папируси. Во него се наоѓаат голем број на уметнички слики, монети и медали од различни ери. Денеска привлекува повеќе од 6 милиони посетители годишно.

6. Метрополитен музеј на уметност во Њујорк, Америка

Овој е најголемиот уметнички музеј во Америка. Тој е дом на 2 милиони дела вклучувајќи илјадници слики од Европа, уметнички дела од анитчки Египет и Америка. Музејот исто така содржи музички инструменти, оружје, аксесоари и облека од различни делови од светот.

 

7. Национална галерија, Лондон

Државна уметничка галерија која содржи колекции од над 2300 заподноевропски слики кои датираат од 13-ти до 19-ти век. Колекција вклучува инспиративни уметности од светски популарните уметници како Леонардо да Винчи, Микеланџело, Пикасо, Тицијан и Холбајн. Националната галерија овозможува разновидни обиколки и аудио-обиколки за посетителите да ги истражат уметниците на најдобар начин.


8. Ватикански музеи во Рим, Италија

Музеј којшто е еден од најголемите музејски установи каде се прикажани многубројни колекции од скулптури и уметнички дела собирани од папите на Римската католичка црква низ различни векови. Во него има вкупно 54 галерии, а вкупната должина за пешачење низ Ватиканските музеи се протега на повеќе од седум милји. Глобално се популарни поради колекцијата на важни Ренесансни уметности распространети од 14-ти до 17-ти век. Исто така тие се петти по ред најпосетени музеи во светот со 5.5 милиони посетители годишно.

9. Природно-историски музеј во Лондон, Англија

Најпопуларниот музеј за природна историја меѓу музеите во Англија, лоциран во Лондон. Објектот е препознатлив по неговиот изглед на катедрала. Музејот е дом на повеќе од 80 милиони земјени и животни примероци. Постјат четири главни зони во овој музеј познати како црвена, портокалева, зелена и плава. Зелената ја претставува еволуцијата на земјата и животот во неа, црвената се концентрира на забележливите разлики внатре во планетета во различни временски периоди. Плавата зона се фокусира на големите различности на живот на Земјата. Портокаловата ги изложува примероците собрани од Чарлс Дарвин и градина од флора и фауна.

10. Американски музеј за природна историја во ЊуЈорк Сити, Америка

Овој е најголемиот музеј за природна историја во светот. Оформен е во 1869 година во Менхетен во ЊуЈорк Сити. Музејот содржи повеќе од 32 милиони примероци од различни сфери вклучувајќи зоологија, геологија, астромонија, биологија, екологија и антропологија. Огромната колекција на Американската природна историја ја изложува милионската еволуција на планетата Земја. Секоја година музејот привлекува повеќе од 5 милиони посетители.

Можеби ќе ве интересира да прочитате и факти за Винсент ван Гог, еден од најславните уметници.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?