Детски песнички за птиците непреселници од Киро Донев

Гулаб

Нѐ има повеќе видови

некои од нас и се селат.

Но, дека сме птици на мирот,

тоа сите го велат!

 

Врапче

Јас сум врапчо, Џивко Џив,

секогаш сум весел, жив!

Ама не се правам важен

и никогаш не сум тажен!

 

Гугутка

Јас сум птица, многу лична

на грлицата сум слична.

Но таа е птица преселница,

а јас, домородна непреселница.

 

Клукајдрвец

По стеблата чукам, длабам,

од пролет, па се до зима,

за сите птици кога студи –

топол дом да си имаат!

 

Ќос

Кој не чул за мене

за црниот ќос?

И кој друг, како мене –

и среде зима игра бос?!

 

Орел

Ќе ме видите и во полето,

но најчесто сум над планините.

Јас сум птица најголема

вљубеник во височините.

 Киро Донев

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?