Skip to content

Расизам во авион (кратка поучна приказна)

На светот постојат различни бои на кожа, но дали тоа нѐ прави различни? Дали ги разликувате луѓето според бојата на нивната кожа, раса и други карактеристики? Оваа кратка приказна е тука да нѐ потсети дека постојат луѓе кои се ограничуваат и се полни со расизам. Дали тоа би го направила светот подобро место за живеење? Нели сме сите исти, од крв и месо под ова небо борејќи се за егзистенција?

Прочитајте ја приказната во продолжение и заклучете дали постапката на стјуардесата е правилна.

Една жена од белата раса на возраст од околу педесет години седела покрај еден црнец или припадник на црната раса. Видно вознемирена, ја повикала стјуардесата.

Стјуардесата: „Во што се состои проблемот, госпоѓо?“

Белата жена: „Зарем не гледает? Сте ме сместиле покрај еден црнец! Незамисливо ми е да седам покрај еден од тие..тие одвратни луѓе. Дајте ми друго место, ве молам!

Стјуардеса: „Ми се чини дека сите места се зафаетни. Ќе проверам дали има некое празно.

Стјуардесата заминала и се вратила после неколку минути.

Стјуардеса: „Госпоѓо, во економската класа нема место. Имаме уште едно место во првата класа“. Пред госпоѓата да успее да каже нешто, стјуардесата продолжила: „Во нашата авиокомпанија речиси е незамисливо патник од економска класа да седне во прва класа. Но, исто така би било скандалозно некој да седи покрај личност која е под сите нивоа.

Потоа се свртила кон црнецот и му рекла: „Затоа господине, ако сакате, земете го својот рачен багаж и преместете се во првата класа. Патниците кои го слушале овој разговор спонтано почнале да ракоплескаат.

Додаток:

Кога Алберт Ајнштајн стигнал во САД, го прашале од која раса е. Тој на тоа одговорил: Човечка!

Прочитаје ја и следнава кратка приказна „Траги во песокот“.

Напишете коментар