Занимливости за бебиња и деца по повод Меѓународниот ден на детето

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на детето иако официјалниот датум е на 20-ти ноември согласно резолуцијата од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации. Првиот ден од месецот јуни интернационално им е посветен на децата, кои пак се нашето најголемо богатство.

Децата се украс на светот и иднината, непресушен извор на среќа и задоволство. По тој повод издвојуваме неколку интересни занимливости кои важат за децата, нивниот начин на живот во различни земји. Прочитајте ги во продолжение.

1. Првите шест месеци после раѓање детето може да голта и дише истовремено. Возрасна личност тоа не може да го направи ни на сила.

2. Тежината на главата кај новороденчето е четвртина од неговата вкупна тежина.

3. Очите од раѓање до крајот на животот се со иста големина, што не може да се рече и за другите органи кои растат и се развиваат заедно со детето.

4. Шведска забранила во рекламите да се појавуваат деца помлади од12 години бидејќи тоа можело негативно да влијае на нивната психа.

5. Кај децата колената се појавуваат во втората или третата година од животот.

6. Според некои статистички податоци повеќето бебиња се раѓаат во вторник.

7. Зборовите „мама“ и „тата“ се приближно исти на сите јазици во светот, бебето ги слуша како звуци и најлесно ги повторува.

8. Постои празник за расплакани деца во Јапонија. Идеата е да се соберат децата и колку е можно побрзо да почнат да плачат. Кое дете ќе заплаче прво – тоа ќе биде победник.

9. Кога се родил Пабло Пикасо, сите мислеле дека е мртов, но вујко му на Пабло му дувнал чад од тутн во лицето и тој се закашлал.

10. Во Кореа, возраста не почнува да тече од денот на раѓање туку од моментот на зачнување. Значи според документите луѓето во Кореа се 9 месеци постари од своите врсници од другите земји.

11. Најчести случаи на родени близнаци се забележува во Нигерија. На секој единаесетти пораѓај постои еден случај на близнаци. Додека во Јапонија близнаци с раѓаат еднаш во 250 породувања.

12. Едно од пет деца живее во сиромаштија во најразвиените земји во светот.

13. Бебињата се раѓаат со 300 коски. Тоа е вкупно 94 повеќе од возрасните. Во текот на развојот дополнителните коски се обединуваат и така се изедначуваат со бројот на коските од возрасните луѓе.

14. Најстарата жена која родила дете имала 69 години.

15. Првата година од животот бебињата во просек спијат околу 5400 часови. Со оглед дека една година има 8760 часови оваа бројка е навистина голема.

Можеби ќе сакате да ги прочитате и следниве цитати за децата.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!