Човекот е како ружа (кратка приказна)

Некој човек со љубов одгледувал ружа. Внимателно се грижел за неа и ја полевал. Пред да процвета будно ја набљудувал. Видел дека цветот наскоро ќе се отвори. Но забележал трње на стебленцето и помислил: „Како може да настане толку убав цвет од билка која е полна со толку многу остар трн?“. Понесен од таа мисла, човекот ја занемарил ружата, ѝ ја скратил водата и пред ружата да процвета – овенала!

Така е и со многу луѓе. Во душата на секој човек се наоѓа ружа. Бог ја всадува во нас за време на раѓањето меѓу трновите како недостатоци. Многу луѓе на себе ги гледаат само трњето – недостатоците. Очајуваат, мислат дека ништо вредно не може да произлезе од нив. Никогаш не ги реализираат своите потенцијали кои Бог им ги подарил. Тие сами не можат да ја видат ружата во својата душа. Некој друг мора да им помогне за да ја пронајдат.

Помогни им на луѓето околу себе за да ги надминат недостатоците. Тоа е карактеристика на Божјата љубов која можеме да ја поделиме со сите. Ако му помогнеш некому да ја пронајде ружата во својата душа, тој ќе ги победи трновите. И ќе цвета секогаш – одново и одново. Секој човек може да го збогати овој свет и да го направи поубав. Треба само да се има срце. Да се има храброст да се допре друго срце. Не се плашете да покажете дека имате срце. Допрете ги блиските со вашето срце и нека цветаат ружите во вашите души.

Можеби ќе сакате да ја прочитате и приказната за расизам во авион.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!