Што значи големо, а што мало дело? Кои мали дела некој што ги направил за вас зборуваат многу за личноста што ги направила? Дали вие можеби сте направиле некому мало дело кое многу му значи? Следнава кратка приказна зборува колку се важни малите секојдневни нешта во нашите животи. Прочитајте ја во продолжение!
Малите дела за некого во даден момент може да се огромни
„Дали човекот направил нешто големо за општото добро ако истури лонец со вода во морето?“, прашал еден старец, домаќин во некоја куќа.
– Навистина, треба да знаете да го гледате светот, воздивнал старецот.
– Нели морето за кое ти всушност говориш е всушност човештвото?
– Па, да! – одговорил човекот.
– Лончето со вода за целото човештво е премало, но за жедниот човек понекогаш не само што тоа е доволно туку е и пресудно. Многу луѓе и не помислуват колку судбини би биле украсени со насмевки наместо со болка ако во вистинско време го истуриле своето лонче со вода во големото море.
Како вие придонесувате за човештвото во вашите животи? Што правите за во својот живот да внесете ведрина? Пишете ни во коментар ваши размислувања!
Можеби ќе сакате да ја прочитате и следнава кратка приказна – Човекот е како ружа.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.