Излезе е-издание на училиштниот весник „Искра“од ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ од Кичево

Ви го претставуваме училиштниот весник „Искра“ од ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево. Секогаш сме на страната на културните настани и убави вести поврзани со образвание. Токму поради тоа ја споделуваме оваа статија. Со големо задоволство и радост ве известуваме за оваа новост која ни доаѓа од основното училишете во Кичево. ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ има долгогодишна историја, а весникот е само еден дел од активностите што секоја година се спроведуваат во ова школо.

Весникот  е „воскреснат“ по неколку годишна пауза во издавање. Интересен е фактот што неговото издавање е иницијатива на учениците од VI-2 одделение, на кои веднаш потоа им се приклучија и ученици од VII одделение. На втората страница може да ги прочитате имињата на учениците (дел од редакцискиот тим на училиштниот весник) кои трудољубиво и вредно ги создаваа содржините.

Тие под менторство на Александра Спасевска, наставник по македонски јазик и литература, заеднички се насочија кон избирање на содржини, подготовка на векторски решенија за дизајн на страните, а целосниот продукт го сработија во InDesign.

Весникот е симболично објавен на 9 јуни, еден ден пред завршувањето на учебната година, со завет дека идната година ќе продолжат со исто темпо, но со побогати, побројни и подобри изданија.

Во весникот се содржани литературни дела од учениците, може да се прочитаат анализа на песни како и новости за Вселената и ракетите. Прикажани се и  уметничките дела од вредните раце на учениците, а ексклузивно може да се прочита и интервјуто со Карлина Гочева. Отстапен е простор и за вести од шоу бизнис, мода, информации поврзани со здравје. За љубителите на фудбалот во весникот постои и „Фудбалско катче“. Линк кој води до весникот.

Нашата редакција им посакува бројни успеси во понатамошната реализација и многубројни изданија и задоволни ученици! На учениците им посакуваме среќен, убав и успешен завршеток на учебната 2020/2021 година.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?