Најпознатите цитати од Чарлс Дикенс кои вреди да се прочитаат

Чарлс Дикенс (7 февруари 1812 – 9 јуни 1870) е еден од најважните писатели од 19 век. Неговото влијание се протега многу подалеку од книжевноста. Пишувавме за шесте работи кои тој му ги подари на современиот свет. Денес во негова чест, ги споделуваме неговите најпознати цитати кои вреди да бидат прочитани. Прочитајте ги во продолжение!

1. „Никој не е бескорисен во овој свет, затоа што некому му го олеснува товарот“.

2. „Постои мудрост на главата, и секако, постои мудрост на срцето“.

3. „Постојат жици во човечкото срце кои би било подобро да не бидат допрени“.

4. „Оваа болка што ми ја создава заминувањето не е ништо како радоста која ја чувствувам кога се среќаваме повторно“.

5. „Еднаш господин, секогаш господин“.

6. „Таа седи таму пред мене. Постои грациозност во нејзината форма; не може да се погреши – не постои нешто како неа… Зошто е толку болно убава што никогаш не можам да ѝ бидам лут, дури ни сега?“

7. „Не е во моја природа да кријам нешто од оние за кои сум приврзан. Никогаш не можам да ја затворам устата онаму каде што сум го отворил срцето“.

8. „Љубовта не е чувство за да помине, како пријатен здив во летен ден; не е – и не може да биде ставена настрана; таа не е нешто што може да се заборави или сокрие“.

9. „Нема ништо толку заразно во светот колку смеата и добриот хумор“.

10. „Имајте срце кое никогаш не скаменува, темперамент кој никогаш не се уморува и допир кој никогаш не повредува“.

11. „Небото знае дека никогаш не треба да се срамиме од нашите солзи, бидејќи тие се дождот кој паѓа врз заслепувачката прашина од земјата која ги покрива нашите тврди срца. Се чувствував подобро кога плачев. Бев посочувствителен, посвесен за мојата неблагодарност и понежен“.

12. „Размислувајте за работите што ги имате моментално, а сите ги имаме во изобилие. Не размислувајте за несреќите од минатото, кои сите сме ги доживеале“.

13. „Се надевам дека вистинската љубов и вистина се посилни од сето зло и сите несреќи на светот“.

14. „Страдањето е најсилниот учител и тоа ме научи да разбирам какво ми било срцето. Сум бил превиткуван и кршен, но се надевам дека на крајот сум излегол во подобра форма од сето тоа“.

15. „Никогаш не ги затворајте усните за оние на кои веќе сте им го отвориле срцето“.

16. „За сето тоа што сум се обидел да го направам во животот, сум давал сѐ од себе за да го направам како што треба. Работите на коишто се посветувам, се посветувам целосно. Истото важи и за големите и за малите цели“.

17. „Срцето што љуби крие најголема мудрост“.

18. „Има мудрост на разумот и мудрост на срцето“.

19. „Семејството не мора да се состои само од оние со кои сме крвно поврзани, може да се состои и од оние на кои би им ја дале нашата крв“.

20. „Толку многу размислувам за топлите и чувствителни срца што би направил сѐ за да ги поштедам од болка“.

21. „Барам само да бидам слободен, пеперутките се слободни“.

22. „Среќата е подарок и трикот лежи во тоа да не ја очекувате, туку да ѝ се радувате кога ќе се појави“.

23. „Мора да бидам прифатен таков каков што сум направен. Успехот не е мој, неуспехот не е мој, но и двете ме прават тоа што сум“.

24. „Поезијата му го прави на животот она што светлата и музиката ѝ го прават на сцената“.

25. „Радоста и задоволството најмногу разубавуваат и тие се најпознатите заштитници на добриот изглед“.

26. „Правете го и тоа што е мудро и тоа што е добро, извлекувајте го најдоброто од луѓето, а не најлошото“.

27. „Доследноста во љубовта е добра работа, но не значи ништо, доколку не сте доследни во сѐ што правите“.

28. „Љубовта иако е слепа, таа е внимателен набљудувач“.

29. „Ден потрошен на други луѓе никогаш не е залудно потрошен“.

30. „Љубовта е она што го врти светот!“

Можеби ќе сакате да ги прочитате и следниве цитати од Томас Ман.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!