Искрено признание на поетесата Ана Дедова која порачува: „Не правете разлика меѓу учениците!“

Ова табло на светската литература еднаш го објавив, сега пак ќе го објавам но со поинаков пост. Во мојата листа на пријатели имам од директори, до служители на училиштата во нашата Македонија, па и пошироко. Исто така иммам пријатели родители на деца, па и самите личности кои се соочуваат со некаков вид на хендикеп. Со овој мој текст знам дека ќе биде некој навреден, а некој воздигнат.

Ана Дедова (четврта во првата колона)

Мојата намера е далеку од навредлива, туку подржувачка и мотивациска кон сите. Јас како лице со телесен хендикеп, немав можност за истакнување во образовниот процес. Ми беше скратено образованието, од причина што некои предрасуди и мислења на поединични тврдења, дека не сум била во можност да се вклопам во образованиот систем. Моите родители, целата моја фамилија дадоа надприродни сили да го јас продолжам образованието. Но за жал не успеале, со образложение од образовниот кадар дека било опасно, да не ме некој турнел од учениците.

Бев скратена од матурските таблоа и прослави, напреварите што ги одржувале во училиштата, истакнувањата на моето знаење само поради една причина, ЈАС СУМ СО ХЕНДИКЕП! Не, тоа не ме турна кон дното, туку направи да се воздигнам и изградам како човек. Тоа не ме обесхрабри туку напротив ми даде поголема сила за напредок во мојот живот.  За тоа им сум вечно благодарна на мојата фамилија. Родителите, братот, сетрата, на кои јас им бев иста како сите. Додека во образовниот систем бев поразлична од останатите.

Можеби во таблото на моето осносвно училише, кое со напори успеале моите родители да ме запишат ме нема. Ниту во средното образование, кое од него дадоа самото средно образование напори да не бидам запишана, но ме има во светското табло во светската книжевност и литература. Сега сфаќате колкава е трудот на една фамилија со член кој има ХЕНДИКЕП?!

Почитувани кадри во образовниот систем, почитувани директори, професори, декани, асистенти на декани, токму вам ви се обраќам: НЕ ПРАВЕТЕ РАЗЛИКА МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ, зошто не знаете каде и колку има знаење. А вам драги родители на деца со некаков хендикеп, никогаш не се откажувајте од напорите во образованието на вашето дете. Во вашето дете има знаење, само му треба поттик во тоа.

Ана Дедова

(Линк до биографијата на Ана Дедова од официјалната блог содржина).

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?