„Кој/а сум јас?“ е прашање чијшто одговор ни е истовремено блиску и далеку (кратка приказна)

Следнава кратка приказна покажува колку всушност ние луѓето се доживуваме себеси преку “функциите“ или “одговорностите“ што ги имаме. Кои сме ние всушност кога не сме мајки, татковци, браќа, сестри, баби, дедовци и слично? Кои сме ние кога не сме она што го пишува во дипломите и сертификатите? Кои сме ние всушност? „Кој/а сум јас?“ е прашањето на кое секој од нас треба да си даде одговор.

Прочитајте ја во продолжение приказната.

Некоја жена се борела со смртта. Одеднаш имала чувство како да е горе на небо и дека се наоѓа пред судна столица. „Која си ти?“, ја прашал Гласот. „Ја сум жена од градоначалникот“, одговорила таа.

„Не те прашав чија сопруга си, тука која си ти“. „Јас сум мајка на четири деца“. „Не те прашав чија си мајка туку која си ти.“ „Јас сум учителка.“ „Не те прашав кое е твоето занимање туку која си ти.“ „Јас сум христијанка.“ „Не те прашав која е твојата религија, туку која си ти.“ „Јас сум онаа која секој ден одеше во црква и секогаш им помагаше на сиромашните.“

„Не те прашав што си правела туку која си ти.“ Така продолжило и понатаму. Што и да одговорела, изгледало дека не давала задоволителен одговор. Била вратена на земјата. Кога закрепнала од болеста, одлучила да открие која е всушност таа. Ништо не ни е истовремено ни блиску ни далеку колку вистината за нас самите.

Кога последен пат си се запрашал: „Кој сум јас?“. Не чија сум сопруга, чија мајка, која е мојата професја и на која вера припаѓам. Туку – која сум јас навистина? Не можеме да ја чекаме судната столица за да се обидеме да одговориме на тоа прашање.

Од книгата „Раскажувај ми приказна“, од авторките Мајде Ријавец и Дубравка Миљковиќ.

Прочитајте ја и кратката приказна за штурецот и мравката низ призмата на лидерството.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!