Анализа на еден поглед

Зборуваш ко во сон, ко животов да не ти се случува. Мислам дека и така си замислуваш; штом се разбудиш да биде сѐ ко што никогаш не било и ко што никогаш не може да биде.  Пробав да те разберам и тука згрешив. Ти не сакаш некој да те разбере, да ти продре во душата, туку сонуваш да ги закопаш сите тие сеништа. Сонуваш за “совршено”, ама длабоко мислам дека ти е јасно дека тоа твое совршено се крие во малите нешта, во деталите.

Ама…застани малку во тој твој сон. Погледни наоколу. Не сонуваш како останатите. Нема реки топли и мориња и острови со високи дрва палмини, туку само куќа една на сред шума распослана и постела што двајца собира во соба со прозорци низ кои зракот светлина полиците со книги ги осветлува.

Не сонуваш ко останатите и не бараш многу. Впрочем, доволно ти е, ако некој само ти рече: ‘Со тебе тешко, ама убаво е.’ И затоа сега јасно ми е, кај ти оди погледот задлабочен, изгубен од сегашноста па набрзина, за никој да не примети, вратен.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!