Што претставува богатството за еден човек? Дали лесно може да се одрекне од нешто вредно? Оваа кратка приказна носи длабока мудрост во неа, прочитајте ја и дознајте што кријат следните редови.
Некој сиромашен селанец трчајќи пошол кај свет човек кој се одморал под едно дрво.
– Камен! Камен! Дај ми скапоцен камен!
– Каков камен?, го прашал светиот човек.
– Ноќеска сонував дека ќе пронајдам човек кој ќе ми даде скапоцен камен кој ќе ме направи богат засекогаш – одговорил селанецот.
Светиот човек посегнал по својата торба, почнал да бара во неа и после некое време извадил камен.
– Мислиш овој? – рекол и му го дал на селанецот.
– Го пронајдов на пат пред неколку години. Секако дека ќе ти го дадам.
Селанецот го погледнал каменот со чудење. Бил дијамант веројатно најголем на целиот свет, го зел и заминал. Таа ноќ селанецот ја пробдеал во кревет неможејќи да заспие.
Следниот ден околу пладне повторно пошол кај светиот човек.
– Дај ми го тоа што ти овозможи да се одрекнеш од дијамнатот толку лесно! – извикал селанецот.
Приказната е источна народна мудрост.
Поука на приказната (извадена во слободен стил): „Лесно стекнатото богатство носи грижи и несоница, а кога несебично можеш да даруваш, ти си вистински богат“.
Прочитајте ја и оваа кратка приказна „Кој/а сум јас“ чијшто одговор ни е истовремено и блиску и далеку“.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.